НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Тркалезна штитоглавка

Cudonia circinans

English

Redleg jellybaby

Albanian

/

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Шампињовидна пувка
Сотна дупчарка – Следно >>
Неоценет Недоволно
податоци
Најмалку
засегнат
Близу
засегнат
РАНЛИВ Загрозен Критично
загрозен
Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Cudonia circinans

Опишан од

(Pers.)Fr.

Синоним

Leotia circinans Pers.

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

VU– Ранлив: D1

Датум на процена

Ноември 2020

Проценувач

Караделев, M.

Прегледал

Kost, G.

Соработници

Русевска, K.

Составена од

Miskovic, M.

Образложение за процената

Cudonia circinans е редок вид со доста фрагментирани и изолирани популации. Видот е познат од три (3) локалитета, од кои еден е на територијата на НП „Маврово“. Бројот на евидентирани единки е околу 200. И двата локалитета се поврзани со присуство на заедници од смрча, што се чини дека е примарно живеалиште за развој на видот во С. Македонија. Смрчата во С. Македонија е на јужната граница на нејзината распространетост во Европа, поради што се соочува со постепено намалување на виталитетот и сукцесија во елова шума. Од тие причини, општоземено видовите поврзани со заедниците на смрча во нашата земја се загрозени. Покрај ова, значајна закана е и антропогениот притисок, посебно на локалитетот со најголема популација на видот, кој е во близина на туристичко место. Површината на населеност (АОО) е 16 км2 но во неа се опфатени и другите локалитети со заедници од смрча каде се очекува видот да биде најден.

Популација

Моментален тренд на популацијата

Се намалува

Опис

Во С. Македонија, големината на популацијата е мала. Во текот на теренските истражувања се утврдени точните податоци за состојбата во врска со големината на популацијата на конкретните локалитети. Видот е собран од три различни локалитета и бројот на регистрирани единки е приближно 200. Најголем број примероци се забележани на наоѓалиштето близу скијачкиот центар „Попова шапка“. Сепак, бидејќи видот не е строго врзан за смрча туку се јавува и во други четинарски шуми, очекуваниот број на локации и примероци би бил неколкупати поголем.

Живеалишта и екологија

Систем

Копнен (териколен/лигниколен).

Живеалишта и екологија

Се претпоставува дека е сапроб. Расте расфрлано или во групи или снопови на земја врз гнили остатоци од смрча и други четинарски дрвја, а понекогаш и на изгниено дрво; во доцно лето и во есен. Во С. Македонија е најден на два локалитета со природна шума од смрча, на надморска височина помеѓу 1.500 и 1.800 m. Обата локалитета се во двете најдобро развиени заедници со смрча во земјата или во нивна близина. Тие припаѓаат на Анекс 1 од Директивата за живеалишта: 9410: Ацидофилни шуми со Picea од планински до алпски нивоа (Vaccinio-Piceetea). Попова Шапка, каде се регистрирани и најголем број плодни тела, е претставена со добро развиена заедница на смрча (ass. Piceetum abietis scardicum Em 1986) додека другиот локалитет е во близина на вливот на Аџина Река во Радика, во јужниот комплекс на смрчова шума во долината на Аџина Река. Поединечни стебла од смрча се забележани и на Малешевските Планини (на локалитетот Мурите), во источниот дел од земјата, во близина на бугарската граница. Треба да се нагласи дека со оглед на нејзината географска местоположба, територијата на С. Македонија е јужна граница на ареалот на распространетост на смрчовите шуми во Европа.
Третиот наод е во мешана шума од бреза, топола, молика, ела и насад од смрча, на надморска височина од 1,200 m.

Користење и трговија

Користење и трговија

Отровен вид, кој може да биде и смртно отровен; содржи гиромитрин.

Закани

Закани

Cudonia circinans е редок вид со доста фрагментирани и изолирани популации. Нивното живеалиште се менува како резултат на насадите со дрвја, сечата на шума и развојот на туризмот. Промената во динамиката на автохтоните видови како и шумските пожари, што се почести како последица на климатските промени, може да бидат клучна закана. Туристичкото место Попова Шапка, е под интензивен антропоген притисок од посетителите. Овој дел ќе влезе во рамките на идниот Национален Парк „Шар Планина“, па оттука се очекува зголемување на обемот на заштита.

Зачувување

Зачувување

Истражувања за бројот и обемот на популацијата; толкување на статусот на видот преку подобро разбирање на биологијата и екологијата на видот; зачувување на живеалиштата; проучување на трендовите по пат на мониторирање.

Библиографија

Библиографија

Breitenbach J., Kränzlin F., 1981. Fungi of Switzerland. Volume 1. Ascomycetes. Verlag Mycologia, Luzern, pp. 310.

Hansen L., Knudsen H., 2000. Nordic Macromycetes (Ascomycetes). Vol.1 Nordsvamp, Copehagen, I. Akata, A. Kaya 4 pp. 309.

Karadelev M., Rusevska K., 2013. Contribution to Macedonian Red  List  of  fungi. Proceedings  of  the  4th Congress of Ecologists of Macedonia with International  Participation,  Ohrid,  R. Macedonia. Macedonian   Ecological Society, Skopje, Special issue 28 2013, pp. 68–73.

Karadelev M., Rusevska K, Kajevska I, Mitic Kopanja D., 2019. Checklist of Larger Ascomycetes in the Republic of Macedonia. Section of Natural, Mathematical and Biotechnical Sciences, MASA, Vol. 40, No. 2, pp. 239–253.

Available from: https://www.researchgate.net/publication/333210881_CHECKLIST_OF_LARGER_ASCOMYCETES_IN_THE_REPUBLIC_OF_MACEDONIA [accessed Nov 15 2020].

M.Karadelev, G. Kost, K. H. Rexer, Macromycetes diversity in Pinus peuce forest in the Republic of Macedonia. Atti del III Convegno Nazionale di Studi Micologici “I Funghi del Monte Amiata”, Piancastagnaio(SI) 14–19 Ottobre 2003, Italy,(2003), pp. 32–47.

https://www.researchgate.net/publication/262142966_Crvena_knjiga_gljiva_Hrvatske_Red_Book_of_Croatian_Fungi/link/02e7e5387287ed1178000000/download