НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Сириштарка

Gentiana lutea

English

Great yellow gentian

Albanian

Sanëz, bar zemre, ksanë, rahaven, veshsute

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Полегната (ползечка) линдернија
Родопски еноец – Следно >>
Неоценет Недоволно
податоци
Најмалку
засегнат
Близу
засегнат
РАНЛИВ Загрозен Критично
загрозен
Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Gentiana lutea

Опишан од

(Murb.) Hayek

Синоним

Gentiana lutea subsp. symphyandra

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

VU – Ранлив, A4bcd; B1b(i,ii,iv,v)+2ab(i,ii,iv,v)

Датум на процена

Ноември 2019

Проценувач

Цветкоска, Ц.

Прегледал

Charni, A.

Соработници

Матевски В.

Костадиновски, М.

Ќуштеревска, Р.

Составена од

Hofman, M.P.G.

Образложение за процената

Овој вид е редок во Северна Македонија. Се јавува на само седум локации, каде различни групи собирачи нелегално собираат цели растенија. Поради оваа закана, постои постојан пад на обемот на распространување, површина на населеност, бројот на локации или субпопулации и бројот на зрели единки.

Популација

Моментален тренд на популацијата

Се намалува

Опис

Во принцип, големината на популацијата продолжува да опаѓа на сите локации заради претерано собирање.

Живеалишта и екологија

Систем

 Копнен

Живеалишта и екологија

Тоа е повеќегодишен едностеблен вид со жолти цвеќиња на врвот. Се јавува на планините на голема надморска височина (1.300-2.200m) и претпочита варовнички почви на планински пасишта. Овој вид расте на ледини во влажни борови шуми, карпести и засенчени тревни површини. Не издржува висока температура и бара многу вода/обилни врнежи.

Користење и трговија

Користење и трговија

Корените на Gentiana lutea subsp.symphyandra се користат за медицински цели. Бидејќи собирачите го собираат целото растение и популацијата се намалува. Во Северна Македонија, овој вид се користи за приватни медицински цели и во фармацевтската индустрија. Главно се собира нелегално, а одгледувањето на ова растение сè уште не е развиено. Видот се собира во прекумерни количини за медицински намени и покрај статус на заштита.

Закани

Закани

Една од главните закани за овој вид е прекумерното собирање за медицински цели. Со многу помала важност се и другите закани, како изградба на планински патишта, итн.

Зачувување

Зачувување

Gentiana lutea е наведена на Анекс V од Директивата за живеалишта и Анекс Д од ЕУ Регулативата за трговија со див свет (318-2008).

Врз основа на Законот за заштита на природата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04 и 14/06), донесена е Наредба (бр. 02-3501/1, 2006 година) за забрана за собирање заради користење и трговија на растителните видови Gentiana lutea и Gentiana punctata. Исто така Gentiana lutea subsp. symphyandra е на Листа 1 – строго заштитени видови „Службен весник на Република Македонија“ бр. 139/67, 2011 година.

Библиографија

Библиографија

Matevski, V. 2010. Flora na Republika Makedonija. MANU. Skopje, 2(1): 1-190. .p 1-190.

Bornmüller, J. 1928. Beiträge zur Flora Mazedoniens III. .p 1-196.

2011. Sluzben vesnik na Republika Makedonija br. 139 . .p/.

Soška, Th. 1939. Beitrage zur Kenntnis der Schluchten floren von Südserbien, II . .p 35-58.

Grebenščikov, O. 1938. Pflanzengeographische Übersicht der Wälder der oberen RadikaschluchtPflanzengeographische Übersicht der Wälder der oberen Radikaschlucht . .p 107-124.

Formanek, E. 1892. Beitrag zur Flora von Serbien und Macedonien . .p 50-96.

Košanin, N. 1911. Eine interessante Pflanze von Jakupica in Makedonien . .p 115-118.

Vandas, C. 1909. Reliquiae Formanekianae Brunae, Typis J. Jelínek,. .p/.

2006. Naredba za zabrana za sobiranje zaradi koristenje i trgovija na rastitelnite vidovi na Gentiana lutea i Gentiana punctatа, br. 02-3501 / 1, 2006. . .p/.