НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Кралски вргањ

Butyriboletus regius

English

Royal bolete

Albanian

/

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Тресетишна пувка
Шампињовидна пувка – Следно >>
Неоценет Недоволно
податоци
Најмалку
засегнат
Близу
засегнат
РАНЛИВ Загрозен Критично
загрозен
Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Butyriboletus regius

Опишан од

(Krombh.) D. Arora & J.L. Frank

Синоним

Boletus regius (Krombholz) D. Arora & J.L. Frank

Suillus regius (Krombh.) Kuntze

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

VU – Ранлив, C2a(i)

Датум на процена

Ноември 2020

Проценувач

Тофиловска, С.

Прегледал

Kost, G.

Mešić, A.

Соработници

Караделев, M.

Русевска, K.

Ѓоргоноски, М.

Составена од

Miskovic, M.

Образложение за процената

Butyriboletus regius се среќава во листопадни шуми, на влажни падини, каде што создава микориза главно со Quercus, а кај нас поретко и со Fagus и Castanea. Во нашата земја е потврден на 70 локалитета, широко распространет во 30 биогеографски региони. Сепак, на констатираните наоѓалишта е многу редок со само неколку индивидуи во рамки на секоја субпопулација. Вкупниот број локалитети се очекува да е околу 140, додека бројноста на зрелите единки е проценетa на околу 2.800. Тековниот пад на големината на популацијата е поради обесшумувањето, што доведува до намален квалитет на живеалиштето. Оттука, видот е проценет како ‘ранлив’ согласно критериумот C2а(i).

Популација

Моментален тренд на популацијата

Се намалува

Опис

Butyriboletus regius е многу редок вид на констатираните наоѓалишта, со само една до две единки во рамки на секоја субпопулација.  Според упатствата за проценка на зрели единки дадени од Dahlberg и Mueller (2011), се проценува дека има околу 2.800 единки врз основа на претпоставениот вкупен број локалитети во земјата – околу 140, проценетиот број функционални единки на секој локалитет (се проценува дека се две), како и на образецот за тоа колку зрели единки може да создаде секој репродуктивен генотип (во образецот се употребени десет). Тековниот пад на големината на популацијата е поради обесшумувањето, кое доведува до намален квалитет на живеалиштето.

Живеалишта и екологија

Систем

Копнен (териколен).

Живеалишта и екологија

Видот Butyriboletus regius се среќава во листопадни шуми и формира микориза главно со Quercus, а кај нас поретко и со Fagus и Castanea. Погодно окружување за видот е стара, сончева, полуотворена шума на влажни падини, особено на варовничка почва. Видот обично формира плодни тела од средината на пролетта до средината на есента, се појавува поретко и во мал број, а во дождливи лета е регистриран почесто, при што формира и поголем број плодни тела.
Видот е документиран од 70 наоѓалишта во земјава, широко распространет во 30 биогеографски региони (Melovski et al. 2013), на надморска височина помеѓу 400 и 1.600 m. Само едно од наоѓалиштата е лоцирано во национален парк, и тоа во НП Галичица во зоната на одржливо искористување. Видот се јаде, лесно се забележува на терен, поради што е многу баран и има голем број податоци. Сепак се среќава во широколисни шуми, кои што се доминантна шумска покривка во Северна Македонија, и подади тоа е направена проценка на веројатен вкупен број наоѓалишта (Dahlberg and Mueller 2011). Се очекува веројатниот број да е за два пати поголем од бројот на потврдени наоѓалишта, односно видот да се среќава на околу 140 локалитети.

Користење и трговија

Користење и трговија

Овој вид габа се јаде и помеѓу вргањите што се јадат е многу ценет. Ја собираат собирачите на печурки, но најчесто не е предмет на тргување од страна на откупните пунктови за габи, каде се продаваат Boletus edulis Bull., Boletus aereus Bull. и Boletus pinophilus Pilát & Dermek.

Закани

Закани

Популацијата на видот е првенствено загрозена поради постојано уништување и фрагментираност на дабовите како и на буковите шуми поради шумска сеча, додека шумите со питом костен зафаќааат незначително мали површини – околу 4.000 ha во целата земја.

Врз основа на расположливите статистички податоци и публикации, 91% од вкупната површина под шуми во Северна Македонија е под режим на управување и најголем дел (93%) од неа се смета за продуктивни шуми, а остатокот од површините исто така е под режим на управување, но со ограничување само во однос на системот на сеча (Trajkov et al. 2016, Kolevska et al. 2017). Во шумарската пракса се применува чиста сеча во дабовите шуми и на места и во буковите шуми; како резултат на тоа, се создаваат голи површини и едновозрасни шуми, додека старите шуми се во опаѓање (Trajkov et al. 2016). На годишно ниво се сечат приближно 1% од шумите (Kolevska et al. 2017, Државен завод за статистика 2018), додека незаконската сеча има значителен дополнителен удел со 30% кон законската сеча на шума. Оттука, вкупниот број живеалишта и квалитетот на живеалиштата на овој вид габа постојано опаѓаат, а тоа е клучна закана за одржување стабилна популација на габата.

Постојат податоци и за опаѓање на виталноста на шумските состоини заради болести на Quercus spp. Fagus sylvatica и Castanea sativa, со различен степен на јачина (DPRS 2019). Болестите во дабовите состоини се првенствено предизвикани од Euproctis chrysorrhoe L., Lymantria dispar L. и видови од фамилијата Tortricidae; болестите кај буковите дрвја се предизвикани од Rhynchaenus fagi L., а кај питом костен од Cryphonectria parasitica (Murrill) Barr. (DPRS 2019).

Друга закана е прекумерното собирање на овој вид кој се јаде. Доколку на еден локалитет се врши постојано, прекумерно собирање, уништувањето на живеалиштето може да биде неповратно. Интензивното расчистување на шумската простирка и почвата како и газењето и ерозијата на почвата го уништуваат мицелиумот и го менуваат микро-живеалиштето.

Долготрајните сушни периоди во иднина ќе имаат негативно влијание врз одржувањето на популацијата и нејзиниот ареал на распространување бидејќи претставуваат неповолни услови за формирање плодни тела од габата.

Зачувување

Зачувување

Во однос на мерките за заштита на видот, неопходно е познатите наоѓалишта да се заштитат од употреба на ектомикоризниот партнер и да се одржуваат во нивната природна состојба. Поради начинот на управување со дабовите шуми (Trajkov et al. 2016), за да се одржи солиден квалитет на живеалиштето, потребно е да се назначат дабови шумски резервати и клучни шумски биотопи, каде на определени места ќе се одржуваат и полуотворени средини во шумите. Наместо чиста сеча, на локацијата каде се сече шума треба да се оставаат дрвја со различна старост. Во пониските појаси од даб, не треба да се врши пошумување со алохтони видови дрвја наместо даб.

Во иднина треба да се спроведат теренски истражувања на потенцијалните локалитети за да се проучи распространетоста и периодичноста на Butyriboletus regius, како и редовно годишно мониторирање на утврдените локалитети. Проценка на виталноста на шумите и, доколку е неопходно, преземање основни мерки за зачувување на виталноста на шумските состоини. Пописите на шумите и шумарските планови е препорачливо да се дигитализираат и редовно да се ажурираат. Неопходна е изработка на карта на живеалишта во земјава.

Библиографија

Библиографија

Dahlberg, A. and Mueller, G.M. 2011. Applying IUCN red-listing criteria for assessing and reporting on the conservation status of fungal species. Fungal Ecology 4(2): 147-162. doi:10.1016/j.funeco.2010.11.001

Dämmrich, F., Lotz-Winter, H., Schmidt, M., Pätzold, W., Otto, P., Schmitt, J.A., Scholler, M., Schurig, B., Winterhoff, W., Gminder, A., Hardtke, H.J., Hirsch, G., Karasch, P., Lüderitz, M., Schmidt-Stohn, G., Siepe, K., Täglich, U. and Wöldecke, K. 2016. Rote Liste der Großpilze und vorläufige Gesamtartenliste der Ständer- und Schlauchpilze (Basidiomycota und Ascomycota) Deutschlands mit Ausnahme der Flechten und der phytoparasitischen Kleinpilze. In: G. Matzke-Hajek, N. Hofbauer and G. Ludwig (eds.), Rote Liste gefährdeter Tiere, Pflanzen und Pilze Deutschlands, Bd. 8: Pilze (Teil 1) – Großpilze, pp. 444. Naturschutz und Biologische Vielfalt 70(8), Landwirtschaftsverlag Münster.

Diagnostic Prognostic Reporting Service of Republic of Macedonia (DPRS). 2019. Report on the state of plant diseases and pests in natural and newly established forest plantations in the Republic of Macedonia. Ministry of Agriculture, Forestry and Water Economy – Sector for Forestry, pp. 89, Skopje.

Đug, S., Hasanbegović, A. and Drešković, N. 2013. Crvena lista gljiva Federacije Bosne i Hercegovine. Federalno ministarstvo okoliša i turizma, Sarajevo.

Friebes, G., Dämon, W., Michelitsch S., Pidlich-Aigner H., Krisai-Greilhuber, I. 2017. Verzeichnis und Rote Liste der Großpilze der Steiermark (Österreich). Joannea Botanik 14: 29–112.

Holec, J. and Beran, M. (eds). 2006. Red list of fungi (macromycetes) of the Czech Republic. Příroda, pp. 1-282. Praha.

Index Fungorum Partnership. 2020. Index Fungorum. Royal Botanic Gardens Kew and Chinese Academy of Science (the custodians). Available at: http://www.indexfungorum.org.

Ivančević, B., Matavuly, М. and Karaman, М. 2012. Fungi (mushrooms and lichens) in Serbian legislation. Biologia Serbica 34(1-2): 19-35.

Kasom, G., Miličković, N. 2006. Protected species of macromycetes in the Republic of Montenegro. Institute for the Protection of Nature, Podgorica, Montenegro.

Kolevska, D.D., Blinkov, I., Trajkov, P. and Maletić, V. 2017. Reforestation in Macedonia: History, current practice and future perspectives. Reforesta 3: 155-184. DOI:https://dx.doi.org/10.21750/REFOR.3.13.373.

Laurent-Dargent, J. 2009. La liste rouge des champignons (macromycètes) rares ou menacés en Lorraine. Sciences pharmaceutiques. https://hal.univ-lorraine.fr/hal-01732739

Melovski, Lj., Markoski, B., Hristovski, S., Jovanovska, D., Anastasovski, V., Klincharov, S., Velevski, M., Velkovski, N., Trendafilov, A., Matevski, V., Kostadinovski, M., Karadelev, M., Levkov, Z. and Kolchakovski, D. 2013. Regional division of the Republic of Macedonia for the needs of biological databases. Macedonian journal of Ecology and Environment 15(2): 81-111.

Peev, D., Petrova, A.S., Anchev, M., Temniskova, D., Denchev, C.M., Ganeva, A., Gussev, C. and Vladimirov, V. (eds). 2015. Red Data Book of the Republic of Bulgaria. Vol. 1. Plants and Fungi. Sofia.

Senn-Irlet, B., Bieri, G. and Egli, S. 2007. Rote Liste der gefahrdeten Grosspilze der Schweiz. BAFU, WSL, pp. 92, Bern.

State Statistical Office. 2018. MakStat database. Available at: http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Zemjodelstvo__Sumarstvo. (Accessed: 13 March 2020).

Sugny, D., Beirnaert, P., Billot, A., Caillet, M. & M., Chevrolet, J.P., Galliot, L., Herbert, R. and Moyne, G. 2013. Liste rouge des champignons supérieurs de Franche-Comté. Publication commune Fédération Mycologique de l’Est, Conservatoire National Botanique de Franche-Comté et Société Botanique de Franche-Comté, LUNÉVILLE, imprimerie PARADIS, pp. 114.

Tkalčec, Z., Mešić, A., Matočec, N. and Kušan, I. 2008. Red book of Croatian Fungi. Ministry of Culture, State Institute for Nature Protection, pp. 430, Zagreb.

Trajkov, P., Nestorovski, L. and Trajanov, Z. 2016. The Republic of Macedonia. Chapter 36. In: C Vidal et al. (ed.), National Forest Inventories, Assessment of Wood Availability and Use, pp. 667-682. Springer International Publishing Switzerland. DOI 10.1007/978-3-319-44015-6_36

Wojewoda, W. and Ławrynowicz, M. 2006. Red list of macrofungi in Poland. Institute of Botany, Polish Academy of Sciences, Kraków, pp. 53-70, Kraków. Available at: https://www.grzyby.pl/czerwona-lista-skorowidz-epi.htm.