НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Змија рибарка

Natrix tessellata

English

Dice snake

Albanian

Gjarpri ujit

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Голем стрелец/Џитка
Белоушка – Следно >>
Неоценет Недоволно
податоци
Најмалку
засегнат
БЛИЗУ ЗАСЕГНАТ Ранлив Загрозен Критично
загрозен
Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Natrix tessellata

Опишан од

(Laurenti, 1768)

Синоним

Coluber gabinus Metaxa, 1823; Coluber hydrus Pallas, 1771; Coluber penttatus Menetries, 1832; Coluber ponticus Guldenstadt, 1811; Coronella tessellata Laurenti, 1768; Tropidonotus elaphoides Brandt, 1838; Tropidonotus tessellatus (Laurenti, 1768)

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

NT, B2b(ii,iii)

Датум на процена

Ноември 2019

Проценувач

Стеријовски, Б.

Арсовски, Д.

Прегледал

Tomović, L.

Соработници

/

Составена од

Hofman, M.P.G.

Образложение за процената

И покрај тоа што е широко распространет (обем на распространување [EOO] = 22 632km2), изворот на храна на рибарката (речиси исклучиво риба, а понекогаш и водоземци, Weiperth et al. 2014), ја ограничува нејзината површина на населеност (AOO; 452km2) до околината на слатководни екосистеми. Нејзиниот плен може да покаже генерално големи флуктуации во големината на популацијата заради брза реакција на закани (т.е. прекумерен риболов и аноксија предизвикана од хипертрофикација), предизвикувајќи подложност на екстремни флуктуации во AOO и број на локации на рибарката, како и намалување на AOO и EOO. Ранливоста на слатководните екосистеми од закани како што се мали хидроцентрали и загадување (Agasyan et al. 2009) ги засилуваат овие појави и заради тоа се предлага сместување на овој вид во категоријата загрозен. Без оглед на тоа, таму каде присутна, рибарката се чини честа, а во недостаток на национално спроведени студии за динамиката на нејзините популации, претпоставките околу флуктуации во АОО и број на локации можно е да не се точни. Покрај тоа, AOO на видот е на работ да ја достигне категоријата EN (загрозен) и многу е веројатно дека станува збор за потценување со оглед на тоа што видот е распространет низ целата земја. На крај, имајќи го предвид сето ова и фактот дека видот може да се најде во сите соседни земји од каде најверојатно може да стигне до Северна Македонија преку заедничките сливни подрачја, на национално ниво рибарката е рангирана две места подолу како близу засегната. Глобално и во Европа видот е најмалку засегнат.

Популација

Моментален тренд на популацијата

Се намалува

Опис

Во Северна Македонија, големината на популацијата не е точно утврдена. Таму каде е присутен, прилично е чест. На пример, популацијата на островот Голем Град има 500 единки по хектар (Ajtić et al. 2013), што е веројатно последица на исклучителното изобилство на храна и локалитет кој е под строга заштита. Сепак, заканите за слатководните живеалишта веројатно предизвикале намалување на популациите на рибарката.

Живеалишта и екологија

Систем

 Копнен, слатководен (= копнени води)

Живеалишта и екологија

Најчесто воден вид, речиси секогаш се наоѓа во близина на или во водни тела. Има тенденција да зафаќа поголеми водни тела кога коегзистира со белоушката (Speybroeck et al. 2016). Плен на рибарката се претежно рибите (за Северна Македонија, видете Ajtić et al. 2013; Speybroeck et al., 2016; Weiperth et al. 2014) и обично несе помеѓу пет и 37 јајца (Agasyan et al. 2009). Во Северна Македонија, деталните податоци за животните карактеристики на рибарката доаѓаат само од популацијата на островот Голем Град (Ajtić et al, 2013), што може да не е применливо на остатокот од земјата. Змиите се активни шест до седум месеци од годината (април-октомври). Возрасните единки сочинуваат поголем дел од популацијата (88%) и евидентен е диморфизам во големината (поголеми женки). Парењето е од април до средината на мај и во јули женките положуваат помалку јајца од глобалниот просекот. Изведување е забележано кон крајот на август и почетокот на септември.

Користење и трговија

Користење и трговија

Понекогаш единки се одгледуваат во заробеништво од хоби и се дистрибуираат во истата заедница. Еден примерок е забележан изложен во продавница за миленици во Скопје (2010), каде беше на продажба како шарка.

Закани

Закани

Поради исхраната со риби, овие змии се честопати жртви на риболовни мрежи, каде лесно се заплеткуваат и се дават (Sterijovski et al. 2011). Видот е загрозен од губење или модификација на водните живеалишта во делови од неговиот ареал, на пример преку канализирање на речни корита и развој на езерски крајбрежја (Agasyan et al. 2009). Како што е случајот со сите видови змии во Северна Македонија, овој вид честопати го гонат луѓето, но не толку интензивно, како и повеќето змии. Најголемата закана за овој вид е веројатно влошувањето на живеалиштата на нивниот плен со деградација на водните тела од хипертрофикација (од интензивно загадување на потоци, езера и реки, национално, во отсуство на функционални објекти за третман на вода) што може да предизвика аноксијата проследена со инциденти со масовна смртност, како и од изградба на мали хидроцентрали. Покрај тоа, нивниот извор на храна со риби постојано се осиромашува преку прекумерен риболов (лични набудувања и сведочења на рибарите околу Преспанското Езеро).

Зачувување

Зачувување

Видот се наоѓа на Анекс II од Бернската Конвенција и Анекс IV од ЕУ Директивата за живеалишта. Национално, сместен е на Листата на заштитени диви видови. Националните активности за „спречување на загуба, деградација и фрагментација на природните живеалишта од национално и меѓународно значење“ од Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план (2018) дава приоритет на следните активности:

o 10.4 Заштита и ревитализација на блатните/водните живеалишта и крајречни живеалишта

o 10.4.1 Идентификација на најзагрозените низински блатни/водни живеалишта и изработка на акциски планови за нивно зачувување

o 10.4.2 Идентификација на најзагрозените планински блатни/водни живеалишта и изработка на акциски планови за нивно зачувување,

o 10.4.3 Изработка на план и спроведување активности за спречување на деградација на блатните и водните живеалишта, особено од интензивирање на земјоделски активности, одоснабдување, наводнување, порибување и други активности на стопанските сектори

o 10.4.4 Спроведување на пилот-мерки за ревитализација на блатните живеалишта

Библиографија

Библиографија

Sillero, N., Campos, J., Bonardi, A., Corti, C., Creemers, R., Crochet, P.-A., Crnobrnja-Isailović, J., Denoël, M., Ficetola, G.F., Gonçalves, J., Kuzmin, S., Lymberakis, P., de Pous, P., Rodríguez, A., Sindaco, R., Speybroeck, J., Toxopeus, B., Vieites, D.R., Vences, M. 2014. Updated distribution and biogeography of amphibians and reptiles of Europe. .p 1-31.

Ajtić, R., Tomović, L., Sterijovski, B., Crnobrnja-Isailović, J., Djordjević, S., Djurakić, M., Golubović, A., Simović, A., Arsovski, D., Andjelković, M., Krstić, M., Šukalo, G., Gvozdenović, S., Aïdam, A., Michel, C.L., Ballouard, J.M., Bonnet, X. 2013. Unexpected life history traits in a very dense population of dice snakes. .p 350- 358.

Micevski, B. 2015. Report of Biodiversity conditions of amphibians and reptiles of Ograzden Mt. 2014-2015. Skopje . .p/.

Uzunova, D., Kitanova, D., Spirovska, M., Hristovski, S. 2015. Integral Report for the Project implementation. Final report of the project “Ecological data gap analysis and ecological sensitivity map development for the Bregalnica river watershed” . Skopje . .p/.

Pharmachem .2018. The Study on Biological Diversity in the Area of Sasa Mine – Makedonska Kamenica. Pharmachem Skopje Skopje . .p/.

Sterijovski, B., Tomović, L., Ajtić, R. 2014. Contribution to the knowledge of the Reptile fauna and diversity in FYR of Macedonia. .p 83–92.

Uhrin et al. 2016. Distribution updates to amphibian and reptile fauna for the Republic of Macedonia. .p 201-220.

Ministry of environment and physical planning. 2018. National biodiversity strategy and action plan : for the period 2018 – 2023. Ministry of environment and physical planning. Skopje. .p 183.

Speybroeck, J. Beuckema, W., Bok, B., Voort, J.V.D. 2016. Field Guide to the Amphibians and Reptiles. Bloomsbury Publishing Plc London . .p/.

Sterijovski, B., Ajtić, R., Tomović, Lj., Djordjević, S., Djurakić, M., Golubović, A., Crnobrnja-Isailović, J., Ballouard, J.-M., Desmonts, D., Groumpf, F., Bonnet, X. 2011. Natrix tessellata on Golem Grad, FYR of Macedonia: a Natural Fortress Shelters a Prosperous Snake Population. .p 298-301.

Agasyan, A., Avci, A., Tuniyev, B., Crnobrnja-Isailović, J., Lymberakis, P., Andrén, C., Cogalniceanu, D., Wilkinson, J., Ananjeva, N., Üzüm, N., Orlov, N., Podloucky, R., Tuniyev, S., Kaya, U., Ajtić, R., Vogrin, M., Corti, C., Pérez Mellado, V., Sá-Sousa, P., Cheylan, M., Pleguezuelos, J., Baha El Din, S., Konrad Nettmann, H., De Haan, C.C., Sterijovski, B., Schmidt, B., Meyer S. 2009. Natrix tessellata. The IUCN Red List of Threatened Species 2009 . .p/.

Weiperth, A., Potyó, I., Puky, M. 2014. Diet Composition of the Dice Snake (Natrix tessellata Laurenti, 1768) (Reptilia: Colubridae) in the Danube River Catchment Area. .p 51-56.

Gasc, J-P., Cabela, A., Crnobrnja-Isailović, J., Dolmen, D., Grossenbacher, K., Haffner, P., Lescure, J., Martens, H., Martinez-Rica, J.P., Maurin, H., Oliveira, M.L., Sofianidou, T.S., Veith, M., Zuiderwijk, A. 1997 Atlas of Amphibians and Reptiles in Europe Societas Europaea Herpetologica & Museum Nationall d’ Histoire Naturelle (IEGB/SPN). Paris. .p 496.