НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Планинска жаба

Rana temporaria

English

European common brown frog

Albanian

Bretkosa e malit

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Дождовник
Поточна жаба – Следно >>
Неоценет Недоволно
податоци
Најмалку
засегнат
Близу
засегнат
Ранлив ЗАГРОЗЕН Критично
загрозен
Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Rana temporaria

Опишан од

Linnaeus, 1758

Синоним

Rana aragonensis Planca Soler, Rodriguez Vieites & Suarez Martinez, 1995; Rana honnorati Héron-Royer, 1881; Rana muta Laurenti, 1768; Rana platyrrhinus Steenstrup, 1847

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

EN – Загрозен, B2ab(ii,iii)c(ii,iii)

Датум на процена

Ноември 2019

Проценувач

Богољуб Стеријовски

Драган Арсовски

Прегледал

Crnobrnja-Isailović, J.

Соработници

/

Составена од

Hofman, M.P.G.

Образложение за процената

Планинската жаба е широко распространетa низ Северна Македонија, но сепак е ограниченa на високопланински шуми и пасишта. Ова придонесува кон доста ограничена површина на населеност (АОО) од само 236km2. Покрај тоа, низ целата површина на распространетост на популацијата и се заканува фрагментација како резултат на деградацијата на шумите, грмушките и ливадите, како и одводнување и загадување на мочуриштата. Овој вид е загрозен и од градежништвото и веројатно неконтролираното работење на малите хидроцентрали кои често пати не успеваат да го обезбедат минималното ниво на вода во репродуктивните центри на видот. Ваквите закани предизвикуваат флуктуации во AOO и квалитетот на живеалиштата. Планинската жаба може да се најде во сите соседни земји, но во овој дел од Балканот е ограничена на живеалишта на голема надморска височина, така што регионалните ефекти за спасување од соседни популации без човечка интервенција се веројатно невозможни. Вредностите на АОО можно е да се потценети, бидејќи видот е веројатно да населува поголеми делови од планините каде постои, но сепак не е веројатно дека АОО е поголоемо од 2.000 km2. Како резултат на тоа, националните популации на оваа жаба се оценети како загрозени. Глобално и во Европа, планинската жаба е проценета како најмалку засегната.

Популација

Моментален тренд на популацијата

Се намалува

Опис

Овој вид е чест кај соодветните живеалишта во Северна Македонија. Сепак, прелиминарните мониторинг студии укажуваат на опаѓачки тренд на популацијата, национално (необјавени податоци). Планинските масиви населени со планинската жаба во Северна Македонија без исклучок граничат едни со други на надморски височини пониски од минималната надморска височина на која е забележан видот во земјата, т.е. 1450 m н.в. (пр. Масивот Шара-Кораб и Бистра ја имаат највисоката гранична точка, на околу 1300 m, и тоа во распон од само 1 km), така што нејзините национални популации се сметаат за сериозно фрагментирани.

Живеалишта и екологија

Систем

Копнен, слатководен (= копнени води)

Живеалишта и екологија

Видот населува многу копнени (поврзани со шумите) и водни живеалишта. Планинската жаба е присутна во зимзелени, мешани и листопадни шуми, влажни ливади и мочуришта на високопланински пасишта. Водните живеалишта вклучуваат и привремени и постојани езерца, глацијани езера и планински реки; јајцениот и ларвениот стадиум се случуваат во овие водни тела. Добро се адаптира на силно модифицирани живеалишта, како што се руралните градини. Надвор од репродуктивниот период, единките живеат најчесто изолирани во тревата покрај речните корита. Планинската жаба е активна од средината на март до почетокот на октомври. Активноста може да се одложи и скрати на големи надморски височини, почнувајќи од средината на април до средината на септември, што е случај за повеќето националните популации. Репродукцијата започнува кон крајот на пролетта или почетокот на летото. Женките положуваат помеѓу 1000 и 2000 јајца кои плотат во големи групи близу површината на водата.

Користење и трговија

Користење и трговија

Нема познати начини на користење или трговија со овој вид во Северна Македонија.

Закани

Закани

Загуба на соодветните живеалишта, како резултат на шумски пожари, одводнување на водни површини, изградба на брани и особено изградба и работа на мали хидроцентрали се вообичаени закани за овој вид, бидејќи го компромитираат минималното еколошко ниво на вода неопходно за размножување.

Габичните закани Batrachochytrium dendrobatidis и Batrachochytrium salamandrivorans неодамна беа откриени на Балканскиот Полуостров. Овие предизвикуваат болест позната како хитридиомикоза (Whittaker and Vredenburg, 2016) кај водоземците. Студиите покажаа дека климатските промени го олеснуваат ширењето на оваа болест (Pounds, A. 2006), а научниците сугерираат дека пестицидите може да ја инхибираат вродената имунолошка одбрана и да ја зголемат подложноста на оваа болест (Davidson et al. 2007). Ова повикува на итни превентивни мерки, пред сè во форма на мониторинг, така што почетните знаци на габичните заболувања во Северна Македонија треба навремено да се идентификуваат и да се стават под карантин.

Зачувување

Зачувување

Видот се наоѓа на Додаток III од Бернската Конвенција и Анекс V од ЕУ Директивата за живеалишта. Видот не е заштитен во согласност со националното законодавство.

Според „Стратегијата за биолошка разновидност на Република Северна Македонија со акциски план 2018-2023“ (Министерство за животна средина и просторно планирање, 2018) блатата, особено на поголема надморска височина, се погодени од деградација како резултат на конверзија на земјиштето заради интензифијација на земјоделските активности, недостаток на водоснабдување, наводнување, порибување, недостаток на третман на отпадни води и градежни работи. Итно треба да се изработат акциски планови за зачувување на репродукциските центри, односно влажните живеалишта на овој вид.

Националната акција за „спречување на загуба, деградација и фрагментација на природни живеалишта од национално и меѓународно значење“ им дава приоритет на следните активности (Министерство за животна средина и просторно планирање, 2018):

o 10.4 Заштита и ревитализација на блатните/водните живеалишта и крајречни живеалишта

o 10.4.1 Идентификација на најзагрозените низински блатни/водни живеалишта и изработка на акциски планови за нивно зачувување

o 10.4.2 Идентификација на најзагрозените планински блатни/водни живеалишта и изработка на акциски планови за нивно зачувување,

o 10.4.3 Изработка на план и спроведување активности за спречување на деградација на блатните и водните живеалишта, особено од интензивирање на земјоделски активности, одоснабдување, наводнување, порибување и други активности на стопанските сектори

o 10.4.4 Спроведување на пилот-мерки за ревитализација на блатните живеалишта

Библиографија

Библиографија

Sillero, N., Campos, J., Bonardi, A., Corti, C., Creemers, R., Crochet, P.-A., Crnobrnja-Isailović, J., Denoël, M., Ficetola, G.F., Gonçalves, J., Kuzmin, S., Lymberakis, P., de Pous, P., Rodríguez, A., Sindaco, R., Speybroeck, J., Toxopeus, B., Vieites, D.R., Vences, M. 2014 Updated distribution and biogeography of amphibians and reptiles of Europe . .p 1-31.

Sterijovski, B. 2015. Conservation and protection status of amphibians in Macedonia Pelagic Publishing Exeter, UK. .p 67-73.

Doflein, F. 1921. Mazedonien, Erlebnisse und beobachtungen eines Naturforschers im gefolge des Deutschen heeres Verlang von Gustav Fischer Jena . .p592.

Fejervary G. -1922. The batrachians and reptiles collected by Mr. E.Csiki in the Northern parts of Central Albania and in Servia. . .p 7-65.

Džukić, G. 1972. Herpetološka zbirka Prirodnjačkog muzeja u Beogradu. (Herpetological collection of the Belgrade Museum of Natural History).. .p 165-180.

Kopstein, F. & Wettstein, O. -1921. Reptilien und Amphibien aus Albanien . .p 387 -457.

Sterijovski, B., Stamatoski, B., Jovanoski, N., Spasikova, S. 2002a. Qualitative research of herpetofauna of Jakupica Massif . .p 151-154.

Sterijovski, B., Aleksovska, K., Tasevski, S. 2010b. Distribution and valorization of amphibians and reptiles on Jablanica Mountain . .p 81-85.

Sterijovski, B., Malceska, F., Tokov, T., Stamatoski, B., Tasevski, S. 2010a. Qualitative research of Amphibians and Reptiles on Kozuf massive. .p 87-93.

Oxfam Italia. 2011. Study for revalorization of Protected Area Mavrovo Skopje . .p/.

Uhrin et al. 2016. Distribution updates to amphibian and reptile fauna for the Republic of Macedonia . .p 201-220.

Ministry of environment and physical planning. 2018. National biodiversity strategy and action plan : for the period 2018 – 2023. Ministry of environment and physical planning. Skopje. .p 183.

Whittaker, Kellie & Vredenburg, Vance .2016. “An Overview of Chytridiomycosis”
Pounds, A. 2006. Widespread Amphibian Extinctions from Epidemic Disease Driven by Global Warming . .p 161-167.

Davidson, C., Benard, M.F., Shaffer, H.B., Parker, J.M., O’Leary, C., Conlon, J.M., Rollins-Smith, L.A. 2007. Effects of chytrid and carbaryl exposure on survival, growth and skin peptide defenses in foothill yellow-legged frogs . .p 1771-1776.

Gasc, J-P., Cabela, A., Crnobrnja-Isailović, J., Dolmen, D., Grossenbacher, K., Haffner, P., Lescure, J., Martens, H., Martinez-Rica, J.P., Maurin, H., Oliveira, M.L., Sofianidou, T.S., Veith, M., Zuiderwijk, A. 1997. Atlas of Amphibians and Reptiles in Europe. Societas Europaea Herpetologica & Museum Nationall d’ Histoire Naturelle (IEGB/SPN). Paris . .p 496.