НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Лукова жаба

Pelobates syriacus

English

Eastern spadefoot

Albanian

/

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Езерска жаба
Алпски мрморец – Следно >>
Неоценет Недоволно
податоци
Најмалку
засегнат
Близу
засегнат
РАНЛИВ Загрозен Критично
загрозен
Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Pelobates syriacus

Опишан од

Boettger, 1889

Синоним

Pelobates transcaucasicus Delwig, 1928

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

VU – Ранлив, B2ab(i,ii,iii,iv)c(ii,iii,iv)

Датум на процена

Ноември 2019

Проценувач

Богољуб Стеријовски

Драган Арсовски

Прегледал

Crnobrnja-Isailović, J.

Соработници

/

Составена од

Hofman, M.P.G.

Образложение за процената

Загубата на живеалиштата предизвикало намалување на површината на населеност (AOO = 244 km²), како и флуктуации во овој параметар заради спорадичното исчезнување на нивните репродуктивни центри за време на сезоната на размножување (особено евидентно околу Моноспитовско Блато, крајбрежните области на Преспанското Езеро, како и околу Чешиново – Облешево, Кочани и Виница). Дополнително, поради сушите и промените на живеалиштата предизвикани од климатските промени, забележани се постојани намалувања и екстремни флуктуации во површината на населеност, квалитетот на живеалиштата и бројот на локации. Ова придонесува кон сериозна фрагментација на популациите во земјата. Како и да е, видот е широко распространет на национално ниво (обем на распространување = 15.892 km²) и регионалните ефекти за спасување од соседни популации би можеле да им помогнат на националните популации, заради што видот е оценет како ранлив. Глобално и во Европа е проценет како најмалку засегнат.

Популација

Моментален тренд на популацијата

Се намалува

Опис

Луковата жаба се смета за честа во соодветни живеалишта низ Северна Македонија. Сепак, прелиминарните мониторинг студии укажуваат на негативен тренд на популацијата на национално ниво (необјавени податоци) и можна фрагментација.

Живеалишта и екологија

Систем

Копнен, слатководен (= копнени води)

Живеалишта и екологија

Видот населува отворени копнени живеалишта, некултивирани и култивирани земјишта како што се лесни шуми, степи (и степски живеалишта), полупустински и карпести области. Во однос на избор на подлога/почва, населуваат не само меки почви погодни за фосоријален живот (иако тие се најпосакувани), туку и цврсти, карпести почви, особено ронлива глина со камчиња. Може да биде опсервиран во малку модифицирани предели, вклучително и онакви со интезивна испаша. Луковата жаба е главно ноќен вид што најчесто активен во вечерните часови во близина на водните системи. Омилена храна му се мекотели, како и пајаци и други мали членконоги. Може да копаат свои премини, но исто така користат дупки од глодари или се кријат под карпи. Луковата жаба е активна од почетокот на март во јужните делови и средината на март во југозападните делови до почетокот на октомври. Репродукцијата започнува на почетокот на април во јужните делови и средината на април во југозападните делови. Најпогодни места за репродукција се водни канали и езерца каде можат да положат до неколку илјади јајца во ленти од желатинозен материјал кои можат да бидат 1 m долги. Местата за положување вклучуваат застојани привремени водни тела; речни или езерски привремени водни тела и големи постојани базени.

Користење и трговија

Користење и трговија

Нема познати начини на користење или трговија со овој вид во Северна Македонија.

Закани

Закани

Според Sterijovski (2014) модификацијата и фрагментацијата на живеалиштата, особено во репродуктивните центри, е историска закана за луковата жаба што постои и денес. Генерално е загрозена од губење на живеалиштата и репродуктивните центри заради одводнување или конверзија на земјиштата за земјоделска и индустриска употреба. Ова особено важи за струмичкиот, кочанскиот и преспанскиот регион.

Климатските промени можат да ги загрозат рефугиумите на овој вид, како што се Таорската Клисура и охридско-преспанскиот регион (Министерство за животна средина и просторно планирање, 2003b). Климатските промени можат да предизвикаат промени во површината на населеност, особено во потоплите делови на неговата дистрибуција на југоистокот на земјата (на пример, регионите околу Радовиш, Струмица и Дојран).

Габичните закани Batrachochytrium dendrobatidis и Batrachochytrium salamandrivorans неодамна беа откриени на Балканскиот Полуостров. Овие ја предизвикуваат болеста позната како хитридиомикоза (Whittaker and Vredenburg, 2016) кај водоземците. Студиите покажаа дека климатските промени го олеснуваат ширењето на оваа болест (Pounds, A. 2006), а научниците сугерираат дека пестицидите може да ја инхибираат вродената имунолошка одбрана и да ја зголемат подложноста на оваа болест (Davidson et al. 2007). Ова бара итни превентивни мерки, пред сè преку мониторинг, така што почетните знаци на габите во Северна Македонија треба навремено да се идентификуваат и стават под карантин.

Зачувување

Зачувување

Видот се наоѓа на Додаток II од Бернската Конвенција и Анекс IV од ЕУ Директивата за живеалишта и птици. Истиот е заштитен во согласност со националното законодавство, бидејќи се наоѓа на Листата на заштитени диви видови на Северна Македонија (Службен весник бр. 139/2011). Неопходно е соодветно управување со живеалиштата и спречување сукцесија во грмушеста и шумска вегетација. Треба да се следат варијациите во животните карактеристики на популациите наспроти варијациите во интензитетот на заканите и притисоците.

Според „Стратегијата за биолошка разновидност на Република Северна Македонија со акциски план 2018-2023“ (Министерство за животна средина и просторно планирање, 2018) блатата, особено на повисока надморска височина, се погодени од деградација како резултат на конверзија на земјиштето заради интензифијација на земјоделските активности, недостаток на водоснабдување, наводнување, порибување, недостаток на третман на отпадни води и градежни работи. Итно треба да се изработат акциски планови за зачувување на репродукциските центри, односно влажните живеалишта на овој вид.

Националната акција за „спречување на загуба, деградација и фрагментација на природни живеалишта од национално и меѓународно значење“ им дава приоритет на следните активности (Министерство за животна средина и просторно планирање, 2018):

o 10.4 Заштита и ревитализација на блатните/водните живеалишта и крајречни живеалишта

o 10.4.1 Идентификација на најзагрозените низински блатни/водни живеалишта и изработка на акциски планови за нивно зачувување

o 10.4.2 Идентификација на најзагрозените планински блатни/водни живеалишта и изработка на акциски планови за нивно зачувување,

o 10.4.3 Изработка на план и спроведување активности за спречување на деградација на блатните и водните живеалишта, особено од интензивирање на земјоделски активности, одоснабдување, наводнување, порибување и други активности на стопанските сектори

o 10.4.4 Спроведување на пилот-мерки за ревитализација на блатните живеалишта

Библиографија

Библиографија

Sidorovska, V., Ljubisavljevic, K., Dzukic, G. and Kalezic, M.L. 2002 Tadpole morphology of two spadefoot toads (Pelobates fuscus and P. syriacus) (Amphibia, Anura, Pelobatidae) . p. 183-191.

Sillero, N., Campos, J., Bonardi, A., Corti, C., Creemers, R., Crochet, P.-A., Crnobrnja-Isailović, J., Denoël, M., Ficetola, G.F., Gonçalves, J., Kuzmin, S., Lymberakis, P., de Pous, P., Rodríguez, A., Sindaco, R., Speybroeck, J., Toxopeus, B., Vieites, D.R., Vences, M. 2014 Updated distribution and biogeography of amphibians and reptiles of Europe . p. 1-31.

Sterijovski, B. 2015. Conservation and protection status of amphibians in Macedonia Pelagic Publishing. Exeter, UK. p. 67-73.

Džukić, G. & Pasuljevic, G. -1983. O horololskom razgranidenju vrsta Pelobates fuscus (Laurenti, 1768) i Pelobates syriacus Boettger, 1889 (Amphibia, Pelobatidae) u Jugoslaviji. . p. 139-142.

Hristovski, N. 1979. Nematodite od podred Oxyurata Skrjabin, 1923 vo Bitolsko. . p. 135-157.

Karaman, S. 1922. Beiträge zur Herpetologie von Mazedonien. . p. 278-299.

Karaman, S. 1928. III Prilog herpetologiji Jugoslavije. . p. 214-241. [in Serbian].

Karaman, S. 1931. Zoološke prilike Skopske kotline. . p. 214-241. [in Serbian]

Karaman, S. 1937. Fauna južne Srbije . p. 161- 179. [in Serbian]

Melovski, Lj., Ivanov, Gj., Angelova, N., Velevski, M., Hristovski, S. 2008 Monospitovsko blato. Poslednoto mocuriste vo Makedonija. .
Opstina Bosilovo. Bosilovo. . p.56/

Rot-Nikievic, I., Sidorovska,V., Dzukic, G. & Kalezic, M. L. -2001. Sexual size dimorphism and life history traits of two European spadefoot toads (Pelobates fuscus and P. syriacus) in allopatry and sympatry . p./.

Sidorovska, V.P. 2003. Pelobatidae (Amphibia: Anura) na Balkanskiot poluostrov : Distribucija, morfoloska diferencijacija i odliki na zivotniot ciklus. Univerzitet “Sv.Kiril i Metodij”. Skopje . p./.

Ugurtas et al. -2014. Morphological differentiation of eastern spadefoot toad (pelobatessyriacus) populations . p. 13-32.

MoEPP. 2010b. Study for revalorization of natural values of protected area “Tikves” Strict Nature Reserve Skopje . p./.

BIOECO. -2009. Feasibility Study for Ezerani . Skopje . p./.

Uzunova, D., Kitanova, D., Spirovska, M., Hristovski,. S 2015. Integral Report for the Project implementation. Final report of the project “Ecological data gap analysis and ecological sensitivity map development for the Bregalnica river watershed”. Skopje . p./.

Uhrin et al. 2016. Distribution updates to amphibian and reptile fauna for the Republic of Macedonia . p. 201-220.

Ministry of environment and physical planning 2018 National biodiversity strategy and action plan : for the period 2018 – 2023. Ministry of environment and physical planning. Skopje . p.183.

Ministry of Environment and Physical Planning. 2003b .Biodiversity strategy and action plan for the Republic of Macedonia. Ministry of Environment and Physical Planning. Skopje. p. 134.

Whittaker, Kellie & Vredenburg, Vance. 2016 .”An Overview of Chytridiomycosis”
Pounds, A. 2006 Widespread Amphibian Extinctions from Epidemic Disease Driven by Global Warming . p. 161-167.

Davidson, C., Benard, M.F., Shaffer, H.B., Parker, J.M., O’Leary, C., Conlon, J.M., Rollins-Smith, L.A. 2007. Effects of chytrid and carbaryl exposure on survival, growth and skin peptide defenses in foothill yellow-legged frogs . p. 1771-1776.

Sterijovski, B. 2014 .Conservation and Protection Status of Amphibians in Macedonia .Pelagic Publishing . p. 78–84.

Melovski, Lj., Markoski, B., Hristovski, S., Jovanovska, D., Anastasovski, V., Klincharov, S., Velevski, M., Velkovski, N., Trendafilov, A., Matevski, V., Kostadinovski, M., Karadelev, M., Levkov, Z., Kolchakovski, D. 2013. Regional division of the Republic of Macedonia for the needs of biological databases . p. 81-111.

Gasc, J-P., Cabela, A., Crnobrnja-Isailović, J., Dolmen, D., Grossenbacher, K., Haffner, P., Lescure, J., Martens, H., Martinez-Rica, J.P., Maurin, H., Oliveira, M.L., Sofianidou, T.S., Veith, M., Zuiderwijk, A. 1997. Atlas of Amphibians and Reptiles in Europe. Societas Europaea Herpetologica & Museum Nationall d’ Histoire Naturelle (IEGB/SPN) .Paris. p. 496.

Dufresnes, C., Strachinis, I., Tzoras, E., Litvinchuk, S. N., Denoël, M. 2019 .Call a spade a spade: taxonomy and distribution of Pelobates, with description of a new Balkan endemic . p. 131-158.

2011 Official gazette of Republic of Macedonia. No.139 Skopje . p./.

Uğurtaş, I. H., Ljubisavljević, K., Sidorovska, V., Kalezić, M. L., Džukić, G. 2002. Morphological differentiation of eastern spadefoot toad (Pelobates syriacus) populations . p. 13-32.