Образложение за процената
За видот Galerina jaapii, кај нас има регистрирано само неколку примероци од еден локалитет, во тресетиште со мовот Sphagnum. Овој тип живеалишта во земјава се ретки и се среќаваат на надморска височина над 1.600 m, а ниту едно од нив не е заштитено. Инаку овој вид не е поврзан само со Sphagnum, туку може да се сретне и на други типови влажни живеалишта. Бројот на примероци на сите очекувани живеалишта се проценува на околу 500. Со оглед на тоа што видот е познат само од едно наоѓалиште со незначителен број примероци, како и важноста на тресетиштата кај нас, но и општо во Европа, го предлагаме во категоријата назагрозени видови – EN.