НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Чакал

Canis aureus

English

Golden jackal

Albanian

Çakalli i artë

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Балкански рис
Видра – Следно >>
Неоценет НЕДОВОЛНО ПОДАТОЦИ Најмалку
засегнат
Близу
засегнат
Ранлив Загрозен Критично
загрозен
Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Canis aureus

Опишан од

Linnaeus, 1758

Синоним

/

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

DD

Датум на процена

Декември 2020

Проценувач

Диме Меловски

Александар Стојанов

Александар Павлов

Прегледал

Nathan Ranc

Соработници

Васко Авукатов

Составена од

Marteen P.G. Hofman

Образложение за процената

Чакалот се враќа на голема врата во Европа. Со неговото континуирано ширење тој има достигнато до многу подрачја од Централна, па и Западна и Северна Европа. При неговото ширење во правец југ–север, Северна Македонија овозможува голем број поволни живеалишта и храна за мошне приспособливиот шакал. Јадрото на популацијата се наоѓа во централните делови на земјата, по течението на Вардар, но присуство на чакалот е утврдено и во источниот и западниот дел на земјата. Сепак, сеуште недостигаат детални податоци за неговото распространување и видот возможно е да има и поши¬ро¬ко рас-пространување во државата. Не постојат официјални податоци за големината на популацијата на чакал во Северна Македонија. Процената за бројноста на популацијата од 300 единки е произволна, иако таа е изведена според процените за глобалната популација на чакал. Поради тоа што нема доволно податоци за распространувањето и големината на популацијата на чакал во Северна Македонија, видот е ставен во категоријата нема податоци (DD). Потребни се понатамошни мониторинг и истражување за да се процени точноста на стручната процена изнесена тука, но и да се избегне можен превид при пад кај популацијата на видот. Подигање на јавната свест и едукација во земјата се клучни бидејќи чакалот го бие лош глас меѓу сточарите и ловџиите.

Популација

Моментален тренд на популацијата

Се зголемува.

Опис

Во Северна Македонија не постојат официјални податоци за популацијата на чакалот. Од друга страна, многу е тешко да се процени големината на популација во пораст која истовремено варира во својата густина. Според глобалната процена (Hoffmann et al., 2018), популацијата во Европа се проценува на 70.000 единки. За да се добие приближен број за Северна Македонија, направивме збир од териториите во секоја европска земја каде има чакал, и големината на популацијата ја пресметавме земајќи го предвид соодносот помеѓу површината на Северна Македонија и вкупниот број на единки во цела Европа (70.000 единки). Добиениот број изнесува 300 единки. Сепак ова е произволна проценка и истата треба да биде потврдена со идни популациони истражувања.

Живеалишта и екологија

Систем

Копнен.

Живеалишта и екологија

Чакалот може да населува најразлични живеалишта, од полусуви средини до шуми, предели со земјоделски површини, и рурални и полуурбани населби (Hoffmann et al., 2018). Неговата широка распространетост се должи и на сештојадноста и толерантноста на човечко присуство (Cirovic, 2016). Истребувањето и ниската абундантност на волкот во Европа веројатно претставуваат дополнителна причина за успешното ширење на чакалот во Европа. Гореспоменатите фактори важат и за Северна Македонија. Цврстите факти за присуството на чакалот упатуваат на мошне различни екосистеми (од низински блата и мочуришта до планинските предели на Маврово), а фотозамките, пак, ја разоткриваат исхраната на чакалот во земјата, нешто за што досега имаше многу непотврдени докази.

Користење и трговија

Користење и трговија

Нема податоци за користење и трговија за видот во Северна Македонија. Во моментот, чакалот е строгозаштитен вид според Законот за ловството, но тоа во блиска иднина може да се промени поради големиот притисок од страна на ловџиите видот да се тргне од таквата категорија.

Закани

Закани

Иако е очигледно дека чакалот во Европа е во подем (Trouwborst et al., 2015; Krofel et al., 2017), новиот предатор, во подрачјата каде отсуствува со векови, наидува на широко неприфаќање од страна на локалните ловци и земјоделци. Него во Северна Македонија го сметаат за штетен вид (необјавени податоци) и тој интензивно се лови и покрај законската заштита (лично видување). Во последните осум години евидентирани се вкупно пет угинати единки од судир со возило. Труењето претставува уште една закана што може да предизвика пад на популацијата. Некои земјоделци користат отровни мамки како средство за контрола на штетници и за да спречат загуба на стоката. Мамките обично се наменети за волци. Досега постои само еден случај на труење во Северна Македонија, каде затруени беа три единки.

Зачувување

Зачувување

Чакалот се наоѓа на Анексите V од европската Директива за живеалишта. На национално ниво, чакалот е категоризиран како трачно заштитен дивеч според Законот за ловство. Во Северна Македонија не постои соодветен акциски план или план за управување со видот.

Библиографија

Библиографија

Hoffmann, M., Arnold, J., Duckworth, J.W., Jhala, Y., Kamler, J.F. & Krofel, M. 2018. Canis aureus. The IUCN Red List of Threatened Species.

Ivanov, G., Karamanlidis, A.A., Stojanov, A., Melovski, D. and Avukatov, V. 2016. The re-establishment of the golden jackal (Canis aureus) in FYR Macedonia: Implications for conservation. Mammalian Biology 81: 326-330.

Krofel, M., Giannatos, G., Ćirovič, D., Stoyanov, S. and Newsome, T. 2017. Golden jackal expansion in Europe: a case of mesopredator release triggered by continent-wide wolf persecution? Hystrix, the Italian Journal of Mammalogy 28(1): 9-15.

Kryštufek, B. & Petkovski, S. 2003. Annotated Checklist of the Mammals of the Republic of Macedonia. Bonner zoologische Beiträge 51: 229-254.

Lanszki, J., Schally, G., Heltai, M. & Ranc, N. 2018. Golden jackal expansion in Europe: First telemetry evidence of a natal dispersal. Mammalian Biology 88: 81-84.
Trouwborst, A., Krofel, M. and Linnell, J.D.C. 2015. Legal implications of range expansions in a terrestrial carnivore: the case of the golden jackal (Canis aureus) in Europe. Biodiversity and Conservation 24: 2593-2610.

Ranc, N., Álvares, F., Banea, O., Berce, T., Cagnacci, F., Červinka, J., Ćirović, D., Cosic, N., Giannatos, G., Hatlauf, J., Heltai, M., Ivanov, G., Lanszki, J., Lapini, L., Maiorano, L., Melovski, D., Migli, D., Mladenovič, J., Acosta-Pankov, I., Penezic, A., Petrova, A., Šalek, M., Selanec, I., Selimovic, A., Stojanov, A., Szabo, L., Trbojevic, I., Trbojevic, T and Krofel, M. 2017. The golden jackal (Canis aureus) in Europe: predicting habitat suitability of a rapidly establishing carnivore. 33rd IUBG Congress, Montpellier, France: 320-322.

Trouwborst, A., Krofel, M. and Linnell, J.D.C. 2015. Legal implications of range expansions in a terrestrial carnivore: the case of the golden jackal (Canis aureus) in Europe. Biodiversity and Conservation 24: 2593-2610.

Ćirović, D., Penezić, A. & Krofel, M. 2016. Jackals as cleaners: Ecosystem services provided by a mesocarnivore in human-dominated landscapes. Biological Conservation 199: 51-55.