Образложение за процената
Видот Bovista paludosa, се развива главно на влажни живеалишта, пред сè високопланински тресетишта. Кај нас е најден на Шар Планина (две локации) и планината Кораб (една локација), на влажни тресетишта со Sphagnum. Бројот на евидентирани податоци е помал од 20. Бројот на плодни тела во сите очекувани живеалишта се проценува дека не надминува 50. Со оглед на загрозеноста на овој тип живеалишта кај нас, но и општо во Европа, како и малиот број локалитети и индивидуи, се предлага во категоријата на ‘критично загрозени’ видови – CR. Според Глобалната црвена листа на загрозени видови на IUCN, видот е оценет како ранлив.