НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Слепче

Anguis fragilis

English

Slowworm

Albanian

Kakzogza

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Планински смок
Ивичест гуштер – Следно >>
Неоценет Недоволно
податоци
НАЈМАЛКУ ЗАСЕГНАТ Близу
засегнат
Ранлив Загрозен Критично
загрозен
Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Anguis fragilis

Опишан од

Linnaeus, 1758

Синоним

/

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

LC – Најмалку засегнат,

Датум на процена

Ноември 2019

Проценувач

Стеријовски, Б.

Арсовски, Д.

Прегледал

Ajtic, R.

Соработници

/

Составена од

Hofman, M.P.G.

Образложение за процената

Ова е широко распространет вид на национално ниво и се чини дека заканите имаат многу ограничено влијание врз неговите популации.

Популација

Моментален тренд на популацијата

Стабилен

Опис

Неколкуте прелиминарни студии кои биле направени на национално ниво во последните четири години укжуваат дека трендот на популацијата на овој вид низ Северна Македонија е стабилен (необјавени податоци).

Живеалишта и екологија

Систем

/

Живеалишта и екологија

Слепчето е семифосоријален организам, што значи е гуштер кој копа, бидејќи поминува поголем дел од времето криејќи се под предмети (Brown & Roberts 2008). Кожата на слепчето е мазна со лушпи кои не се преклопуваат едни со други. Како и многу други гуштери, тие автотомизираат, што значи дека имаат можност да ја отфрлат својата опашка за да побегнат од предаторите. Днено активен вид, но таинствен, месојаден и затоа што се храни со полжави и црви, често може да се најде во висока трева и други влажни средини. Се јавува во широк спектар на живеалишта, но претпочита добро покриени со вегеација и релативно влажни места, како што се ливади, грмушести места, вриштини, отворени шуми и може да се јават и во парковите и градините. Парењето се одвива од март до јули, а женките раѓаат (ововивипарни*) 3-26 млади кон крајот на летото (Speybroeck et al. 2016).

Користење и трговија

Користење и трговија

Нема познати начини на користење или трговија со овој вид.

Закани

Закани

Нема специфична закана за овој вид во Северна Македонија. Сепак, сè уште е загрозен од загуба на живеалиштата како резултат на интензивирање на земјоделските практики и развој на инфраструктурата за туризам и урбанизација. Поради недостаток на екстремитети, понекогаш се јавува забуна кај луѓето кои видот го гледаат како змија и затоа го гонат.

Зачувување

Зачувување

Видот се наоѓа на Анекс III од Бернската Конвенција. Национално, не е на листата на заштитени диви видови. Некои истражувачи упатуваат на македонските популации на Anguis fragilis како на Anguis graeca поради неодамнешните филогеографски студии (на пр. Gvoždik et al.2010). Сепак, примероците од ова истражување потекнуваат од популации од соседните земји Албанија, Црна Гора, Србија и Грција, па така сместувањето на македонските популации во овој вид би подложело на несигурна екстраполацијата. Затоа, потребни се студии за таксономијата на националните популации, бидејќи A. graeca покажува многу поограничен ареал на распространување, на глобално ниво, што ќе се одрази и на конзервациските проценки на видот.

Библиографија

Библиографија

Sillero, N., Campos, J., Bonardi, A., Corti, C., Creemers, R., Crochet, P.-A., Crnobrnja-Isailović, J., Denoël, M., Ficetola, G.F., Gonçalves, J., Kuzmin, S., Lymberakis, P., de Pous, P., Rodríguez, A., Sindaco, R., Speybroeck, J., Toxopeus, B., Vieites, D.R., Vences, M. 2014. Updated distribution and biogeography of amphibians and reptiles of Europe. .p 1-31.

Brown, R. P., Roberts, N. 2008. Feeding state and selected body temperatures in the slowworm. .p 59–62.

MoEPP. -2014. Fifth National report to the Convention of Biological Diversity of the Repulic of Macedonia. Skopje. .p/.

Micevski, B. 2015. Report of Biodiversity conditions of amphibians and reptiles of Ograzden Mt. 2014-2015 . Skopje. .p/.

Uzunova, D., Kitanova, D., Spirovska, M., Hristovski, S. 2015. Integral Report for the Project implementation. Final report of the project “Ecological data gap analysis and ecological sensitivity map development for the Bregalnica river watershed”. Skopje. .p/.

Стеријовски, Б. 2017. Извештај за оценка на биодиверзитетски и пределски карактеристики – водоземци и влекачи. Скопје 16. .p/.

Стеријовски, Б. 2019. Извештај за оценка на биодиверзитетски карактеристики на истражување “Плавица”. Водоземци и влекачи. Скопје 17. .p/.

Sterijovski, B. 2018. Final report for monitoring. Maneko. Skopje . .p/.

Pharmachem. 2018. The Study on Biological Diversity in the Area of Sasa Mine – Makedonska Kamenica. Pharmachem Skopje. Skopje
Sterijovski, B., Tomović, L., Ajtić, R 2014. Contribution to the knowledge of the Reptile fauna and diversity in FYR of Macedonia. .p 83–92.

Uhrin et al. 2016 Distribution updates to amphibian and reptile fauna for the Republic of Macedonia. .p 201-220.

Speybroeck, J. Beuckema, W., Bok, B., Voort, J.V.D. 2016. Field Guide to the Amphibians and Reptiles. Bloomsbury Publishing Plc London. .p/.

Gvoždík, V., Jandzik, D., Lymberakis, P., Jablonski, D., & Moravec, J. 2010 Slow worm, Anguis fragilis (Reptilia: Anguidae) as a species complex: Genetic structure reveals deep divergences. .p 460-472.

Gasc, J-P., Cabela, A., Crnobrnja-Isailović, J., Dolmen, D., Grossenbacher, K., Haffner, P., Lescure, J., Martens, H., Martinez-Rica, J.P., Maurin, H., Oliveira, M.L., Sofianidou, T.S., Veith, M., Zuiderwijk, A. 1997. Atlas of Amphibians and Reptiles in Europe. Societas Europaea Herpetologica & Museum Nationall d’ Histoire Naturelle (IEGB/SPN). Paris. .p 496.