Живеалишта и екологија
Guepinia helvelloides е сапроб што расте во групи или грмушесто, на влажни места или на почви богати со хумус, во четинарски шуми и често на остатоци од дрвја. Расте во периодот од лето до есен.
Во С. Македонија, се јавува наесен (септември – октомври) на повисоките делови од Шар Планина и тоа на надморска височина од 1,500 до 1,800 m. Обата локалитета се во двете најдобро развиени заедници со смрча во земјата или во нивна близина. Тие припаѓаат на Анекс 1 од Директивата за живеалишта: 9410: Ацидофилни шуми со Picea од планински до алпски нивоа (Vaccinio-Piceetea). Локалитетот Јелак, каде се пронајдени најголем број плодни тела, е претставен со добро развиена заедница на смрча (ass. Piceetum abietis scardicum Em 1986) додека другиот локалитет е во близина на вливот на Аџина Река во Радика, и е составен од мала шума од бреза со поединечни стебла од смрча. Вториот локалитет е на околу сто метри оддалеченост од јужниот комплекс на смрчова шума по долината на Аџина Река. Поединечни стебла од смрча се забележани и на Малешевските Планини (на локалитетот Мурите), во источниот дел од земјата, во близина на бугарската граница. Треба да се нагласи дека со оглед на нејзината географска местоположба, територијата на С. Македонија е јужна граница на ареалот на распространетост на смрчовите шуми во Европа.