НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Обична ријачка

Ablepharus kitaibelii

English

Juniper Skink

Albanian

Zhapi këmbvogël

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Ивичест гуштер
Живородна гуштерица – Следно >>
Неоценет Недоволно
податоци
Најмалку
засегнат
БЛИЗУ ЗАСЕГНАТ Ранлив Загрозен Критично
загрозен
Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Ablepharus kitaibelii

Опишан од

Bibron &amp; Bory St-Vincent, 1833

Синоним

/

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

NT, B1ab(iii)

Датум на процена

Ноември 2019

Проценувач

Стеријовски, Б.

Арсовски, Д.

Прегледал

Ajtic, R.

Соработници

/

Составена од

Hofman, M.P.G.

Образложение за процената

Ријачката (Ablepharus kitaibelii) има широко, но петнасто распространување низ Северна Македонија, односно има доста мала површина на населеност (AOO) од 112 km2. Како и да е, овој релативно мал гуштер е тешко да се забележи на терен па зголемувањето на неговата површина на населеност (АОО) на национално ниво како резултат на скорешните интензивни теренски истражувања укажува дека тој сепак е можеби почест од она што го покажуваат тековните мапи на дистрибуција. Дополнително, неговите популации, најверојатно, не се сериозно фрагментирани. Како резултат на тоа при проценкатаа на неговата загрозеност беше користен обемот на распространетост (EOO; 15845km2) на ријачката, а не површината на населеност. Ријачката е мала во должина и најверојатно нема способност за широка дисперзија, што дава мали шанси за можен „спасувачки ефект“ од популации од соседните земји. Како и да е, во недостаток на очигледна и сериозна фрагментација на популацијата, но постојана деградација на живеалиштата, ријачката е идентифкувана во категоријата близу засегнат вид. Глобално, на ниво на Европа и медитеран тој е најмалку засегнат.

Популација

Моментален тренд на популацијата

Стабилен

Опис

Таму каде е присутна е прилично честа, но недостатокот на мониторинг студии не дозволува соодветни процени за популацијата. Иако се соочува со закани како што се пожари и уништување на живеалиштата, националата популација во моментот е навидум стабилна.

Живеалишта и екологија

Систем

 Копнен

Живеалишта и екологија

Овој вид се наоѓа во суви подрачја, вклучувајќи падини со јужна експозиција, ливади, грмушеста вегетација и чистини во шумски екосистеми (и во листопадни и борови шуми). Генерално се движи близу самата површина на земјата, низ отпадна лисна маса, мртва дрвесина, камења, грмушки и друга вегетација. Парењето се одвива во април и мај, а помеѓу јуни и август женките положуваат две до четири јајца (Böhme et al. 2017; Speybroeck et al. 2016).

Користење и трговија

Користење и трговија

Нема познати начини на користење или трговија со овој вид.

Закани

Закани

Видот можно е да е загрозен од активности за пошумување и конверзија на неговите живеалиште во земјоделски, шумски или индустриски површини. Изградбата на патишта (особено за сеча) и пожарите ги загрозуваат популациите со деградација на живеалиштата односно со смртност. Сите закани наведени за овој вид се вклучени во „Листата на приоритетни закани за биолошката разновидност“ во „Стратегијата за биолошка разновидност на Република Северна Македонија со акциски план 2018-2023 “ (Министерство за животна средина и просторно планирање, 2018).

Зачувување

Зачувување

Видот се наоѓа на Анекс II од Бернската Конвенција и на Анекс IV од ЕУ Директивата за живеалишта. На национално ниво, се наоѓа на Листата на заштитени диви видови.

Библиографија

Библиографија

Sillero, N., Campos, J., Bonardi, A., Corti, C., Creemers, R., Crochet, P.-A., Crnobrnja-Isailović, J., Denoël, M., Ficetola, G.F., Gonçalves, J., Kuzmin, S., Lymberakis, P., de Pous, P., Rodríguez, A., Sindaco, R., Speybroeck, J., Toxopeus, B., Vieites, D.R., Vences, M. 2014. Updated distribution and biogeography of amphibians and reptiles of Europe. .p. 1-31

Micevski, B. 2015. Report of Biodiversity conditions of amphibians and reptiles of Ograzden Mt. 2014-2015 . Skopje . .p./.

Uzunova, D., Kitanova, D., Spirovska, M., Hristovski, S. 2015. Integral Report for the Project implementation. Final report of the project “Ecological data gap analysis and ecological sensitivity map development for the Bregalnica river watershed”. Skopje. .p./.

Sterijovski, B., Tomović, L., Ajtić, R. 2014. Contribution to the knowledge of the Reptile fauna and diversity in FYR of Macedonia. .p. 83–92.

Uhrin et al. 2016 Distribution updates to amphibian and reptile fauna for the Republic of Macedonia 201-220
Ministry of environment and physical planning. 2018. National biodiversity strategy and action plan : for the period 2018 – 2023 Ministry of environment and physical planning. Skopje. .p. 183.

Speybroeck, J. Beuckema, W., Bok, B., Voort, J.V.D. 2016. Field Guide to the Amphibians and Reptiles Bloomsbury Publishing Plc London . .p./.

Gasc, J-P., Cabela, A., Crnobrnja-Isailović, J., Dolmen, D., Grossenbacher, K., Haffner, P., Lescure, J., Martens, H., Martinez-Rica, J.P., Maurin, H., Oliveira, M.L., Sofianidou, T.S., Veith, M., Zuiderwijk, A. 1997. Atlas of Amphibians and Reptiles in Europe. Societas Europaea Herpetologica & Museum Nationall d’ Histoire Naturelle (IEGB/SPN). Paris. .p. 496.

Sterijovski, B. 2018 Final report for monitoring. In: Project for Exploitation of Mineral Resources Borov Dol. Maneko. Skopje. .p./.

Böhme, W., Lymberakis, P., Ajtic, R., Tok, V., Ugurtas, I.H., Sevinç, M., Crochet, P.-A., Haxhiu, I,, Sterijovski, B., Krecsák, L., Crnobrnja-Isailović, J., Kaska, Y., Kumlutaş, Y., Avci, A. & Jelić, D. 2017. Ablepharus kitaibelii (amended version of 2009 assessment). The IUCN Red List of Threatened Species 2017. .p./.