НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Меурест козинец

Astragalus physocalyx

English

/

Albanian

/

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Горчлива детелина
Ликоподиум – Следно >>
Неоценет Недоволно
податоци
Најмалку
засегнат
Близу
засегнат
Ранлив Загрозен КРИТИЧНО ЗАГРОЗЕН Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Astragalus physocalyx

Опишан од

Fisch.

Синоним

/

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

CR – Критично загрозен, B1ab(i,ii)

Датум на процена

Ноември 2019

Проценувач

Матевски В.

Прегледал

Charni, A.

Соработници

Цветкоска, Ц.

Костадиновски, М.

Ќуштеревска, Р.

Составена од

Hofman, M.P.G.

Образложение за процената

Видот Astragalus physocalyx има регистрирана единствена популација на една локација во Северна Македонија. Живеалиштето на видот се наоѓа во многу чувствително подрачје, каде се присутни различни шумарски, градежни и други антропогени активности:

  • Во близина на локалитетот каде е регистрирана популацијата на видот е изграден цевковод за водоснабдување од Ѓавато до Дојранското Езеро.

  • Гасоводот поминува многу близу, но за среќа популацијата не е оштетена.

  • На Чурчулум, над локацијата каде опстанува популацијата, изградени се ветерници.

  • Подножјето на локалитетот Чурчулум е пошумено со алохтоните видови, Pinus halepensis и Cupressus sempervirens.

Поширокото опкружување на Богданци, вклучувајќи го и местото Чурчулум, е подложно на пожари.

За бројот на зрели единки нема доволно податоци од минатото за да се процени постојаното намалување.

Според процената на Црвената листа на IUCN, видот спаѓа во категоријата Загрозен.

Популација

Моментален тренд на популацијата

Се намалува

Опис

Популацијата ја има на ограничено подрачје, помеѓу 220-330 m (EOO околу 6 km2) со мал број единки (вкупно: 2.200 единки).

Живеалишта и екологија

Систем

 Копнен

Живеалишта и екологија

Astragalus physocalyx е повеќегодишно растение кое расте во групи, со листови кои формираат розета, чашкините ливчиња везикуларно надуени, а плодот мешунка. Се опрашува со инсекти а се репродуцира и вегетативно и преку семето. Се развива на силикатна основа во јужните делови на Северна Македонија, под силното суб-медитеранско климатско влијание, во шумскиот појас на Quercus coccifera, на околу 200-300 m надморска височина. Популацијата се развива во отворени области, кои претставуваат фаза на деградација на асоцијацијата Querco cocciferaeCarpinetum orientalis. Со деградација на оваа шумска заедница, постепено се развиваат суви тревести заедници типични за ридските пасишта.

Користење и трговија

Користење и трговија

Некои видови од родот Astragalus имаат традиционална употреба за производство на природна гума за џвакање тракакант, додека други видови се користат како лековити билки (Abtahietal., 2015). Сепак, нема податоци за употреба на Astragalus physocalyx за медицински или индустриски цели во Северна Македонија.

Закани

Закани

Живеалиштето на видот се наоѓа во многу чувствително подрачје, каде се присутни различни шумарски, градежни и други антропогени активности:

  • Во близина на локалитетот каде е регистрирана популацијата на видот е изграден цевковод за водоснабдување од Ѓавато до Дојранското Езеро.

  • Гасоводот поминува многу близу, но за среќа популацијата не е оштетена.

  • На Чурчулум, над локацијата каде опстанува популацијата, изградени се ветерници.

  • Подножјето на локалитетот Чурчулум е пошумено со алохтоните видови, Pinus halepensis и Cupressus sempervirens.

Поширокото опкружување на Богданци, вклучувајќи го и местото Чурчулум, е подложно на пожари.

Зачувување

Зачувување

Овој вид е дел од Листа 1 – строго заштитени диви видови во Република Македонија (Службен весник, Република Македонија, бр. 139, 7.10. 2011). Вклучен е и во Прилог 1 од Бернската конвенција (1979).

На националните власти или локалната самоуправа треба да им се предложи да иницираат предлог за прогласување на оваа локација како споменик на природата или да се прогласи видот Astragalus physocalyx за природна реткост.

Библиографија

Библиографија

Council of Europe. 1979. Convention on the Conservation of European Wildlife and Natural Habitats. European Treaty Series No. 104. Council of Europe, Strasbourg, France. .p /.

2015. Red Data Book of the Republic of Bulgaria. Vol. 1. Plants and Fungi. Sofia. .p /.

Abtahi, M.S., Bagherzadeh, K., Esfahan, Z.E. 2015. Investigating the Effects of Number and Frequency of Incisions on Production and Survival of Astragalus keyserlingii . .p /.

Micevski K. 1971. Astragalus physocalyx Fisch. i Astragalus ponticus Pall., novi vidovi za florata na Makedonija i Jugoslavija. .p 67-72.

Micevski K. 2001. Flora na Republika Makedonija. MANU. Skopje, 1(5): 1121-1430. .p 1121-1430.

2011. Sluzben vesnik na Republika Makedonija br. 139 . .p /.