Образложение за процената
Во земјава, за Hydnellum peckiiима утврдено само два примерока од едно наоѓалиште (Шар Планина), во смрчова шума. Овој тип живеалишта кај нас се застапени на помали површини, во споредба со останатите шумски заедници, како и во однос на застапеноста на елово-смрчовите шуми во Европа. Заедницата од смрча се чини дека е примарно живеалиште за развој на овој вид кај нас. Во овој контекст е важно да се напомене и дека низ С. Македонија минува јужната граница на ареалот на смрчата. И покрај тоа што локалитетот на кој е најден видот се очекува да биде дел од следно заштитено подрачје, во категоријата на национални паркови, во негова непосредна близина има сеча на шума и изградба на објекти. Површината на населеност (АОО) е 12 км2 но во неа се опфатени и другите локалитети со заедници од смрча каде се очекува видот да биде најден. Како резултат на сето ова, се предлага во категоријата на ‘загрозени’ видови – EN.