НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПРОЦЕС НА ПРОЦЕНА

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

Црвената листа на IUCN ги наведува видовите според нивниот проценет ризик од исчезнување. Во националните или регионалните црвени листи, на видовите им се доделува една од единаесетте категории на закани (види Табела 1 и овде). Овие категории укажуваат на статусот на зачувување на видовите, при што видовите идентификувани како критично загрозени, загрозени или ранливи се сметаат за засегнати видови, т.е. нивното изумирање е неминовно.

Табела1. Дефинирање на категориите на Црвени листи на IUCN.

Категорија Класификација
ИСЧЕЗНАТ ВИД (EX) Видот се смета за исчезнат, ако и покрај интензивни истражувања, не се најдени живи примероци или други живи форми на истиот.
ВИД ИСЧЕЗНАТ ВО ПРИРОДАТА (EW) Видот се смета за исчезнат во природата ако, и покрај интензивни истражувања, познато е дека опстојува само како култивиран, одгледан во заробеништво или натурализирана популација (или популации) надвор од познатиот ареал на распространување на видот.
РЕГИОНАЛНО ИСТРЕБЕНВИД (RE) Видот е регионално истребен, кога е истребен од даден регион, но се јавува во други делови на светот.
КРИТИЧНО ЗАГРОЗЕН ВИД (CR) Видот е критично загрозен, кога меѓународно прифатените критериуми за класификација укажуваат дека се соочува со екстремно висок ризик на исчезнување во природата, врз основа на исполнување на било кој критериум од А до Д за категорија Критично Загрозен.
ЗАГРОЗЕН ВИД (EN) Видот е загрозен, кога ги исполнува меѓународно прифатените критериуми за класификација во оваа категорија и врз основа на кои се смета дека се соочува со многу висок ризик од исчезнување во природата, врз основа на исполнување на било кој критериум од А до Д за категорија Загрозен.
РАНЛИВ/ ЧУВСТВИТЕЛЕН ВИД (VU) Таксонот/видот се смета дека е ранлив/чувствителен кога ги исполнува меѓународно прифатените критериуми за класификација во оваа категорија и се соочува со висок ризик од исчезнување во природата, врз основа на исполнување на било кој критериум од А до Д за категорија Ранлив/чувствителен
БЛИЗУ ЗАСЕГНАТ ВИД (NT) Видот е близу засегнат, кога не ги исполнува критериумите за критично загрозен, загрозен и ранлив/чувствителен вид, но е близу до исполнување на истите или веројатно ќе ги исполни во блиска иднина.
НАЈМАЛКУ ЗАСЕГНАТ ВИД (LC) Видот е најмалку засегнат кога не ги исполнува критериумите за критично загрозен, загрозен и ранлив/чувствителен вид или близу засегнат вид. Во оваа категорија се вбројуваат широко распространетите и бројните видови.
БЕЗ ДОВОЛНО ПОДАТОЦИ (DD) Видот е Без доволно податоци, кога не постојат доволно податоци за да се направи директна или индиректна процена на ризикот од исчезнување, врз основа на неговата дистрибуција и/или статусот на популацијата.
НЕОЦЕНЕТ (NE) Видот влегува во оваа класификација, ако се уште не е проценет врз основа на критериумите.
НЕПРИМЕНЛИВО (NA) Видот може да се идентификува во оваа категорија во низа случаи: широкостраспространет вид кој се јавува во мал број во регионот, вид само во заробеништво, инвазивни видови или заскитан.

Индекс на Црвена Листа

За да се процени статусот на зачувување на видовите, Црвената листа на IUCN користи сет од пет критериуми (А-Д) поврзани со големината на популацијата, географскиот опсег/ареал и и стапките на опаѓање кои се применуваат во целиот таксономски ареал на видовите (види Поле 1 и повеќе детали овде).Критериумите се развиени за квантитативна процена на ризикот од исчезнување, но овозможуваат да се земат предвид неколку нивоа на неизвесност во процесот на процена. Примената на системот на некој вид на крај дава објективно, сеопфатно резиме на неговиот статус на зачувување.

Поле 1 – Критериуми за Црвена листа на IUCN
Критериумот А evaluates whether a reduction in population size of 30% or more has occurred over 3 generations or 10 years (whichever is longer). проценува дали намалувањето на големината на популацијата од 30% или повеќе, се случило во текот на 3 генерации или 10 години (кое и да е подолго). Намалувањето може да се мери од која било точка во минатото до која било точка во иднината, во зависност од достапните податоци и може да се извлече од податоците за живеалиштата или експлоатацијата. Колку е поголемо намалувањето, толку повисока ќе биде категоријата на закана.
Критериумот Б проценува дали географската дистрибуција на видовите е мала и/или фрагментирана, земајќи ги предвид сите постојани опаѓања/намалувања на дистрибуцијата, големината на популацијата или распространетоста на живеалиштата и/или квалитетот.
Критериум В бара големината на популацијата на видот да биде мала од самиот почеток и да ги земе предвид постојаните опаѓања, како и ширењето на единките над субпопулациите.
Критериумот Г се користи за процена на видови кои имаат екстремно мала популација (на пр. 1000 единки ширум светот) и обично имаат многу ограничена географска распространетост.
Критериумот Д користи квантитативна анализа на ризикот од исчезнување на еден вид. Колку е поголема веројатноста видовите да исчезнат во одредени рамки, толку е повисока категоријата на закана.

Процени на национално ниво

За разлика од глобалните процени, регионалните или националните процени треба да одговараат на соседните популации и нерезидентните видови. За овие процени, IUCN има утврдено дополнителни упатства. Статусот на зачувување на видовите во една земја или регион може да се разликува од неговиот глобален статус на Црвената листа, бидејќи ризикот од исчезнување не е униформен/ист во рамките на опсегот/ареалот на видовите. Меѓутоа, кога еден вид е ендемичен за земјата, неговата национална процена ќе го одреди и неговиот глобален статус на зачувување.

Процес на изработка на националната црвена листа

Процените на Црвената листа врз основа на методологијата на IUCN треба да следат соодветна научна практика и да бидат предмет на рецензија/проверка. Ова важи како за глобалните, така и за националните процени. Типичниот процес за процена на Црвената листа на IUCN генерално се состои од повеќе чекори:

  1. Претпроцена: Се составува преглед на сите расположиви информации на национално ниво за видовите што треба да се проценат.
  2. Процена: информациите се користат за да се процени ризикот од исчезнување на видовите во согласност со критериумите на IUCN и за доделување на соодветната категорија. Процесот на процена е детално документиран, така што одлуките и претпоставките можат да бидат проценети за време на процесот на проверка.
  3. Проверка и конзистентност: процената е проверена од независни рецензенти за соодветна примена на критериумите, соодветна примена на научните стандарди и доследно толкување на термините и дефинициите на Црвената листа.
  4. Објавување: веб-страницата на Црвената листа се ажурира во однапред поставени интервали и сите нови процени ќе бидат објавени во текот на следното ажурирање.

Пропратни информации – Процените на Црвената листа треба да бидат детално документирани и бараат описни и квантитативни информации. Критериумите за Црвената листа на IUCN самите по себе се квантитативни по природа, а секој критериум зависи од еден или повеќе специфични типови на податоци.

Поле 4 – Потребни податоци за процена на Црвената листа на IUCN

Потребни информации Цел
1.      Научно име За да се утврди кој таксон/вид се проценува
2.      Детали за повисока таксономија
3.      Автор и година кога е опишан видот прв пат
4.     Категорија и критериум од Црвената листа на IUCN За да се идентификува и образложи моменталниот статус на видот/таксонот

За да се обезбеди основна анализа

5.    Образложение за процената на Црвената листа
6.    Податоци кои покажуваат дека се исполнети критериуми на Црвената листа
7.      Подрачје каде се јавуваат
8.    Геореферентни податоци за дистрибуција
9.    Упатство во врска со трендот на популацијата
10.  Екосистем
11.  Искористено соодветно живеалишта
12.  Библиографија За да се обезбедат сите користени извори на податоци и информации
13.  Детали за проценителот и рецензентот/лицето кое ја прегледало процената За да се идентификуваат оние лица кои биле вклучени во процената

За да се покаже соодветноста на процесот на процена и проверка

Управување со податоци – По спроведување на процените на Црвената листа, доделените категории и критериуми од сите процени, како и нивната целосна документација најдобро е да се складираат во база на податоци која може да се ажурира по потреба. Во моментот, процените на Националната црвена листа се чуваат и управуваат во глобалниот Информативен систем на видови на IUCN (SIS). На оваа веб страница, информациите кои се презентирани, се извлечени од SIS.

Улоги во процесот на изработка на Црвената листа – Во Северна Македонија постои правна рамка за изработка/развивање на национална црвена листа; меѓутоа, недостасува рамка за планирање и спроведување на процените на Црвената листа, на пр. не постои управен комитет за црвена листа. За да се спроведат индивидуални процени на видовите во пракса, потребни се три типа вклученост: соработници/придонесувачи, оценувачи и рецензенти. Придонесувачи се лица или национални институции кои обезбедуваат податоци, но не се вклучени во спроведувањето на вистинската процена. Проценувачите обично се национални експерти за одредени таксономски групи кои ги спроведуваат процените и обично обезбедуваат барем дел од податоците. Идеално, проценувачите се обучени од IUCN правилно да ги применуваат категориите и критериумите на Црвената листа на IUCN на национално ниво. Рецензентите/прегледувачите треба по можност да се експерти за видовите за кои ја прегледуваат/проверуваат процената, но поважно е да се добро запознаени со методологијата на Црвената листа на IUCN.

IUCN ECARO е вклучена во првата фаза на изработка на Националната црвена листа како заменски управен комитет, со цел да дава насоки и обуки во текот на целиот процес. Изработена е публикација “Национални црвени листи за зачувување на видовите во Северна Македонија” и спроведена е 4-дневна работилница за обука на проценувачите на Црвената листа во Скопје во април 2018 година. Триесет и пет експерти од невладини организации, универзитети, приватниот сектор и претставници од националните власти на Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска присуствуваа на работилницата, поддржувајќи ја размената на искуства за црвената листа од целиот регион. Преку предавања, практични задачи во групна работа и тестови на знаење, работилницата им обезбеди на учесниците детално запознавање со процесот на процена на ризикот од истребување на видовите, потребните податоци, методологијата за процени, достапните алатки, просторен приказ и опции за управување со податоци. Беше спроведена дискусија за тоа како новодобиените информации можат да се користат за водење на националниот процес на црвена листа во земјата, што претставува основа за анализирање на понатамошниот процес. IUCN стои на располагање за вклучување и во идни слични активности.

 Слика3. Учесници кои работат во групни вежби за процена во текот на обуката за изработка на Црвена листа на IUCN
Фотографија: Мартин Хофман/IUCN
Слика1. Учесничка која ја објаснува постапката за процена низ вежби во текот на работилницата за проценувачи на Црвената листа на IUCN
Фотографија: Мартин Хофман/IUCN
Слика2. Обука во Северна Македонија за изработка на Црвена листа на IUCN спроведена од страна на обучувачи од Одделението на IUCN за Црвени Листи од Кембриџ, Обединето Кралство
Фотографија: Мартин Хофман/IUCN

По иницијатива на