Образложение за процената
Досега Boletus emileorum е познат само од медитеранскиот регион (Франција, Грција, Италија, Португалија – Мадеира и Шпанија) (Vizzini &Ercole, 2018). Кај нас, првите наоди за овој вид се од 2019 и 2020 година и тоа од два локалитета на различни планински масиви (Бистра и Скопска Црна Гора), во дабови заедници со костенови насади. Според сегашните податоци, видот има ограничено распространување со многу мали популации. Со оглед на тоа дека овој вид е познат од неодамна, а кај нас се застапени костенови насади во дабовите заедници како негово живеалиште, се очекуваат поголем број локалитети, а со тоа и зголемена популација. Како главна закана за овој вид е сечата на дабовите дрвја, поради што го предлагаме во категоријата на ранливи видови.