НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Дождовник
Salamandra salamandra
English
Common fire salamander
Albanian
E bukura e dheut
Неоценет | Недоволно податоци |
НАЈМАЛКУ ЗАСЕГНАТ | Близу засегнат |
Ранлив | Загрозен | Критично загрозен |
Истребен во природата | Истребен |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
NE | DD | LC | NT | VU | EN | CR | EW | EX |
Таксономија
Научно име
Salamandra salamandra
Опишан од
(Linnaeus, 1758)
Синоним
/
Податоци за процената
Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN
LC – Најмалку засегнат
Датум на процена
Ноември 2019
Проценувач
Богољуб Стеријовски
Драган Арсовски
Прегледал
Crnobrnja-Isailović, J.
Соработници
/
Составена од
Hofman, M.P.G.
Образложение за процената
Дождовникот е широко распространет низ Северна Македонија, но неговите живеалишта, а со тоа и популациите, се соочуваат со закани од фрагментација поради уништување на шумските, грмушестите и ливадските екосистеми кои ги населува, како и одводнување и загадување на неговите репродуктивни центри. Овој вид е загрозен и од градежните активности и веројатно неконтролираното функционирање на малите хидроелектрани кои често не успеваат да го обезбедат минималното ниво на вода во репродуктивните центри. Како и да е, дождовникот сè уште е прилично броен таму каде што е присутен, а покрај тоа, може да се најде во сите соседни земји, што значи деа може да има корист од регионалните ефекти за спасување. Како резултат на тоа, исто како и глобалната и европската проценка на дождовникот, национално, видот е оценет како најмалку засегнат.
Популација
Моментален тренд на популацијата
Стабилен
Опис
Прелиминарните мониторинг студии укажуваат стабилен тренд на популацијата (необјавени податоци), без фрагментација.
Живеалишта и екологија
Систем
Копнен, слатководен (= копнени води)
Живеалишта и екологија
Врзан е за влажни ладни листопадни, мешани или ретко, зимзелени шуми со добро засенчени поточиња и рекички. Во рамките на планинскиот шумски појас, видот може да се најде во шумски предели, ледини и шумски рабови, карпести падини, густа грмушеста и тревна вегетација. Видот претпочита микро-живеалишта покриени со густа лисна маса и мов. Во принцип, женките раѓаат добро развиени ларви, кои ја завршуваат метаморфозата во потоци, езерца и мирни води. Овој вид толерира одредена модификација на живеалиштата, па дури е пронајден и во градини. Дождовникот е активен од средината на март до почетокот на октомври. Активноста може да се одложи и скрати на поголеми надморски височини, почнувајќи од средината на април до средината на септември.