НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Воденичарче

Aldrovanda vesiculosa

English

Waterwheel

Albanian

/

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Ликоподиум
Четирилисна разноротка – Следно >>
Неоценет Недоволно
податоци
Најмалку
засегнат
Близу
засегнат
Ранлив Загрозен КРИТИЧНО ЗАГРОЗЕН Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Aldrovanda vesiculosa

Опишан од

L.

Синоним

Aldrovanda generalis E.H.L. Krause; Aldrovanda verticillata Roxb.; Drosera Aldrovanda F. Muell. [Illegitimate]

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

CR – Критично загрозен, B1ac (i,ii)

Датум на процена

Ноември 2019

Проценувач

Талевска, М.

Прегледал

Charni, A.

Соработници

Матевски В.

Цветковска, Ц.

Составена од

Hofman, M.P.G.

Образложение за процената

Континуираното намалување на нивото на водата во Преспанското Езеро со текот на годините и човечките влијанија (отпадни води од земјоделски активности и одлагање на цврст отпад во езерото, заедно со загадување од отпад од домаќинствата, извлекување на вода и влијанија од риболовот) негативно се одразија на популацијата на Aldrovanda vesiculosa.

Податоците укажуваат на флуктуација на EOO и AOO. Aldrovanda vesiculosa има многу ограничена распространетост по крајбрежјето на Преспанското Езеро, присутна е на една единствена локација.

Тукашната популација не е поврзана со популацијата во соседната земја (Албанија) и затоа националното оценување не зависи од регионалното оценување.

Aldrovnda vesiculosa според сегашната процена на Европската црвена листа е во категорија Недоволно податоци (DD), додека според критериумите на глобалната процена на IUCN за Црвена листа (ver. 3.1), влегува во категорија Загрозен B2ab (iii,v) (iii, v), а медитеранскиот статус е VU D2.

Популација

Моментален тренд на популацијата

Непознат

Опис

Популацијата на Aldrovanda vesiculosa на територијата на Северна Македонија има многу ограничена дистрибуција по крајбрежјето на Преспанското Езеро (помеѓу Езерани и Долно Перово).

Податоците од различни научни трудови (Micevski, 1969; Talevska et al. 2009, Jovanovska et al. 2017) за периодот меѓу 1969 и 2019 година укажуваат на флуктуација на популацијата на овој вид. Единствената причина е долгорочната осцилација на нивото на водата.

За време на теренската работа за процена на Црвената листа на IUCN, видот не е регистриран. Причината е долгорочната флуктуација на водата во Преспанското Езеро.

Живеалишта и екологија

Систем

/

Живеалишта и екологија

Aldrovanda vesiculosa е единствениот вид во родот Aldrovanda на фамилијата Droseraceae. Тоа е слободно лебдечко, без корен, месојадно, потопено водно васкуларно растение.

Видот расте во езерските предели, потоци и мочуришта. Претпочита чиста, плитка, топла постојана вода со јасна светлина, ниско ниво на хранливи материи и малку кисела pH вредност (околу 6).

Лебди во близина на површината на водата честопати мешана со хелофитни популации (на пр. Phragmites, Typha, Carex spp.), каде овие растенија можат да играат улога во намалувањето на енергијата на водата (бранови, струја) и/или во намалувањето на количината на инцидентна светлина. Сезоната на раст се протега од рана, односно средина на пролетта до рана есен. Видот се шири главно преку движење на водните птици: растенија што се зафаќаат на нозете на птица и се пренесуваат до следната водна дестинација на птицата.

Во Преспанското Езеро се јавува во делови со плитка вода помеѓу езерото и трската, главно долж напуштените бродски премини меѓу трските порано користени од рибарите и секогаш близу до приливите од изворите. Во овие области, се јавува заедно со видови како Hydrocharis morsusranae и Salvini anatans, како и Najas marina, Lemna minor, Utricularia australis, Ceratophyllum demersum, Myriophyllum spicatum и Potamogeton perfoliatus. Најмногу е абундантен (многуброен) каде вегетацијата останува отворена, а онаму каде растителната заедница станува затворена или густа, неговата бројност е оскудна.

Користење и трговија

Користење и трговија

Растението вообичаено се сади во аквариуми и водни градини. Тоа е способно за екстремно брз раст во оптимални услови.

Има ограничена трговија со овој вид, главно во Европа.

Не се познати случаи на користење на овој вид на територијата на Северна Македонија (култивирање и/или трговија).

Закани

Закани

Овој растителен вид е нетолерантен на деградација на живеалиштата пред сè заради загадувањето и промените на водната хемија. Бидејќи еколошките барања на растението се многу строги, истото е многу чувствително и е едно од првите растенија кои исчезнуваат. Оваа екстремна чувствителност е нормална појава за растение на работ на неговата дистрибуција.

На територијата на Северна Македонија, континуираното намалување на нивото на водата во Преспанското Езеро низ годините и човековите влијанија, негативно се одразија на состојбата на популацијата на Aldrovanda vesiculosa. Забележано е дека видот е главно загрозен од испуштања на отпадни води од земјоделски активности и одлагање на цврст отпад во езерото, заедно со загадување со отпад од домаќинствата, апстракција на вода (со пумпање) и риболов (во плитките делови на езерото и во појасот со трска).

Зачувување

Зачувување

Природните популации на Aldrovanda vesiculosa се ретки во Европа, а нејзината дистрибуција на Балканот е ограничена на неколку локалитети.

Овој вид е вклучен во Прилог 2 од Директивата за живеалишта на Европската унија (1997), што налага воспоставување на заштитено подрачје на местата каде е присутен и во Прилог 1 од Бернската конвенција како вид што бара специфични мерки за зачувување на живеалиштата.

Иако се смета за критично загрозен вид низ поголемиот дел од Европа, уште од 1982 година (Единица за загрозени растенија 1982), во тековната ЕУ Црвена листа, видовите се наведени во категоријата Недоволно податоци, додека според глобалната процена на Црвената листа на IUCN е во категоријата Загрозен B2ab(iii,v).

Во Бугарија, видот е наведен како критично загрозен и е заштитен во согласност со Законот за биолошка разновидност (2007).

Критично загрозен и строго заштитен е и во Србија и Црна Гора, според Прелиминарната Црвена листа на флора на Србија и Црна Гора (2011),

Критично загрозен во Романија и вклучен во националнатата Црвена книга (2009),

Критично загрозен и вклучен во Црвената книга на Русија (1992),

Критично загрозен и вклучен во Црвената книга на Словачка (1992),

Критично загрозен и официјално заштитен во Украина (2011),

Критично загрозен во Полска и вклучен во Полската црвена книга на растенија (2006), и

вклучен во Црвената книга со податоци на Литванија под нулта категорија како исчезнат вид, во очекување на ревизија на критично загрозените видови (2003).

Во Хрватска, видовите веќе се ставени на Црвената листа на Хрватска и според критериумите на IUCN има регионален статус – Недоволно податоци

Прогласен е за исчезнат вид во чешката, германската, француската и италијанската флора

Исто така, растението е забележано во плановите за управување со разни загрозени мочуришта низ цела Европа. Голем дел од популацијата се наоѓа во границите на подрачја предвидени за конзервација.

Управувани и заштитени подрачја за постоечките популации на видот има во Бугарија – природниот резерват Сребарна и Драгоманското Блато, кое од неодамна е назначено како Рамсар подрачје, Србија – Специјален природен резерват Засавица и во други земји како Полска, Казахстан.

Библиографија

Библиографија

Talevska, M., Petrovic, D., Milosevic, D., Talevski, T., Maric, D. and Talevska, A. 2009. Biodiversity of macrophyte vegetation from Lake Prespa, Lake Ohrid and Lake Skadar. .p 931-935.
Jovanovska, D., Mladenova, M., Minova, E., Melovska, N., Melovski Ljupco. 2017. Rediscovery of Aldrovanda vesiculosa L. and new data on its distribution in the Republic of Macedonia. .p 31-40.
Breckpot Ch. 1997. Aldrovanda vesiculosa: Description, Distribution, Ecology and Cultivation. .p 73–82.
Čado, I 1971 Some physiographic and hydrological characteristics of the coastal zones of Lake Ohrid and Lake Prespa. .p 1-86.
Petkov S. 1910. La flore aquatique et algologique de la Macédoine du Sud-Ouest. Plovdiv. .p 195.
Micevski, B. 2003. Inventory of Macedonian wetlands (as natural resources) . Skopje. .p 72.
Micevski K. 1998. Flora na Republika Makedonija. MANU. Skopje, 1(4): 778-1114. .p 778-1114.
Micevski, K. 1982. Florata i vegetacijata na SR Makedonija i problemot na nivnata zashtita . .p 77-92.
Linn. 1753. .p 223.