Новости2019-12-29T17:05:56+02:00

НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Процес на изработка на Национална Црвена Листа на Северна Македонија

Во рамките на проектот „Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето“, финансиран од Глобалнот Фонд за животна средина, а кој се спроведува преку Канцеларијата на Обединети Нации за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање, IUCN ECARO го водеше процесот на изработка на официјалната национална Црвена Листа, од каде произлегоа Црвени Листи за две целосни таксономски групи, водоземци и влекачи, како и приоритетна листа за понатамошна изработка на црвени листи за васкуларни растенија, вклучувајќи и ограничен број процени за Црвена листа за васкуларни растенија.

Фотографија: Maarten Hofman/IUCN

Спроведени се процени за 60 видови

Спроведени се процени на ризикот од исчезнување за 14 водоземци, 32 влекачи и 14 видови растенија. Истите беа спроведени во согласност со насоките на IUCN за изработка на Црвени листи. Процените се прегледани од надворешни прегледувачи/ревизори, а за проверка на конзистентноста се погрижи IUCN.

Завршен настан за националните Црвени листи

Завршниот настан за националните Црвени листи се одржа во Скопје, на 18 декември 2019 година (среда). На истиот беше презентиран целиот процес, од обука на експертите, селекција на групите за кои ќе се изработува црвена листа, резултатите од досегашниот процес на изработка на црвените листи за влечуги и водоземци, како и приоритетната листа на растенија и процената на селектираните 14 загрозени видови растенија. Присутни беа голем број засегнати страни од повеќе области.