НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Горчлива детелина

Menyanthes trifoliata

English

Buckbean

Albanian

/

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Планинско барско ѕвонче
Меурест козинец – Следно >>
Неоценет Недоволно
податоци
Најмалку
засегнат
Близу
засегнат
Ранлив ЗАГРОЗЕН Критично
загрозен
Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Menyanthes trifoliata

Опишан од

L.

Синоним

/

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

EN – Загрозен, B1ab(i,ii,v)+2ab(i,ii,v)

Датум на процена

Ноември 2019

Проценувач

Костадиновски, М.

Прегледал

Charni, A.

Соработници

Матевски В.

Ќуштеревска, Р.

Цветкоска, Ц.

Составена од

Hofman, M.P.G.

Образложение за процената

Menyanthes trifoliata има многу ограничена распространетост во Северна Македонија и е под закана заради изградба на инфраструктура, загуба на живеалиштата како резултат на режимите за управување со водите и развојот на туризмот. Се јавува на три локации, со континуирано намалување на површината на населеност, степенот на застапеност и бројот на зрели единки (субпопулацијата во месноста Шум е уништена).

Овој вид во процената на Глобалната Црвена листа е Најмалку засегнат (LC).

Популација

Моментален тренд на популацијата

Стабилен

Опис

Најголем дел од популацијата на Menyanthes trifoliata во С. Македонија се наоѓа во рамките на Националниот парк Маврово. Досега не се преземени прецизни мерења и процени за популацијата на видовите во С. Македонија. Сепак, теренските истражувања од 2019 година покажуваат дека популацијата од селото Шум (близу Струга) е целосно исчезната, додека популацијата во Маврово е зафатена од флуктуации на вода и е намалена како резултат на спуштеното ниво на водата.

Живеалишта и екологија

Систем

Копнен, слатководен (внатрешни води)

Живеалишта и екологија

Menyanthes trifoliata расте во плитките делови на езерата и мочуриштата, особено во услови на кисели или олиготрофни водни услови. Во Северна Македонија видот расте на влажни места, мочуришта, на надморска височина од 700-1.550 m. Погодни живеалишта се различни типови на влажни станишта: кал, тресетници, постојани и сезонски слатководни базени.

Користење и трговија

Користење и трговија

Menyanthes trifoliata се користи во медицината за разни намени – има аналгетско, антиинфламаторно, анти-хеморагично, антиеметичко, лаксативно, карминитивно, антиревматско, тонично дејство, за подобрување на апетитот и може да се земе преку инфузија за запек и ревматизам, за хронични воспаленија (Quattrocchi, 2012). Лекот се состои од сушени лисја (Trifoliae fibini folia).

Овој вид во С. Македонија не се собира за лекови или за други цели. Сепак, во Студијата за ревалоризација на националниот парк Маврово (2011), Menyanthes trifoliata е наведена во групата ретки лековити растенија во паркот за кои треба да се обезбедат посебни услови за природна репродукција или култивирање во границите на националниот парк.

Закани

Закани

Речиси сите локации на кои се наоѓа Menyanthes trifoliata се изложени на некакви закани. Во охридско-преспанскиот регион, главните закани се интензивните градежни активности и туризмот во близина на живеалиштата во кои се појавува видот. Популацијата од селото Шум (близу Струга) е целосно исчезната, со изградба на отворен резервоар во подрачјето каде се јавува видот.

Според Нацрт Стратегијата за биолошка разновидност со Акционен план на Република Северна Македонија, (2014), на планината Дешат (Локуф) е утврдена деградација или фрагментација на живеалиштата. Но, вистинската состојба на популацијата е стабилна (околу 50 единки на квадратен метар на 0,8 ha).

Популацијата на планинскиот појас во НП Маврово е под притисок поради градежни активности (скијачки центри, антени, итн.), а популацијата по крајбрежјето на Мавровското Езеро се намалува како резултат на флуктуациите на водата.

Зачувување

Зачувување

Најголем дел од популацијата на Menyanthes trifoliata во Северна Македонија се наоѓа во рамките на Националниот парк Маврово. Според планот за управување со ова заштитено подрачје, контролирано е собирањето на видовите. Исто така, тоа е еден од видовите за кои е наведена потреба од мониторирање во Националниот Парк Маврово. Наведено е како лековито растение, за кое силно се препорачува и советува да се обезбедат услови за природна репродукција или одгледување.

Menyanthes trifoliata е наведена во Анекс D на Регулативата за трговија со животински свет на ЕУ 318-2008, а живите примероци на овој вид, како и неговите свежи  или сушени делови (корени, стебла, лисја, семе и овошје) подлежат на оваа регулатива.

Неодамна, живеалиштето на овој вид на Дешат беше изложено на еутрофикција од блиското бачило, но по интервенција, бачилото беше дислоцирано.

Овој случај се смета за позитивен пример за преземање превентивни мерки заради зачувување на загрозените видови (Петти национален извештај до НСБР на Република С. Македонија, 2014).

 За сите популации треба да се преземат следните активности:

  • Заштита на живеалиштата (за популациите што се надвор од границите на националните паркови)

  • Управување со локалитетот, односно видот (да се земе предвид која од овие активности е посоодветна за секое од популациите)

  • Ex-situ зачувување

  • Усогласеност на законите и нивно спроведување на национално и локално ниво

Библиографија

Библиографија

Matevski, V. 2010. Flora na Republika Makedonija. MANU. Skopje, 2(1): 1-190. .p 1-190.

Soška, Th. 1939. Beitrage zur Kenntnis der Schluchten floren von Südserbien, II . .p 35-58.

Vandas, C. 1909. Reliquiae Formanekianae Brunae, Typis J. Jelínek,. .p /.

Grecescu D. 1899. Plantes de la Macédoine appartenant au vilayet de Monastir recuillies par Michel Dimonié. .p /.

Petkov, S. 1910. Vodnata i vodoraslata flora na jugozapadna Makedonija . .p /.

Černjavski, P. 1943. Prilog za poznavanje šire okoline Ohridskog Jezera. . .p 11-88.

Bornmüller, J. 1925-1928. Beitrage zur Flora Mazedoniens . .p /.

Em, H. 1957. Močurišni vrbak od Mavrovsko Pole . .p 13-19.

Akhani, H. 2019. Menyanthes trifoliata. The IUCN Red List of Threatened Species . .p /.

Quattrocchi, U., . 2012. CRC World Dictionary of medicinal and poisonous plants. Common Names, Scientific Names, Eponyms, Synonyms, and Etymology. Taylor & Francis Group, LLC . .p /.

Grecescu, D. 1907. Plantae macedonicae din vilaieturile Monastir şi Salonic . .p 27-136.