Образложение за процената
Видот Xeromphalina junipericola е познат само од еден локалитет – во шума од дива фоја во близина на село Чалакли, кое што се наѓа во југоисточниот дел од земјата.
Ова е загрозено подрачје поради масовното експлоатирање на дрвјата од дива фоја од страна на месното население. Пожарите во летниот период исто така претставуваат голема закана. Бројот на утврдени единки во популацијата е два, на површина од 760 ha. Поради силното антропогено влијание, популацијата се соочува со закана врз квалитетот на живеалиштето, површината на населеност, бројот на зрели единки, па ризикот за нејзино намалување е висок и како резултат на тоа видот е критично загрозен.
Според Црвената листа на загрозени видови на IUCN, видот е оценет како VU C2a(i); D1.