Живеалишта и екологија
Gyromitra gigas се среќава во лисјари како и во четинарски шуми или на шумски чистини, вообичаено во близина (или непосредно од) стари пенушки, гнили паднати стебла или друга гнила дрвесина. Во средна Европа, повеќе расте на дрвја од бреза или јасика, но се среќава и кај смрча, липа, габер или даб, а понекогаш и на други видови дрвја. Gyromitra gigas се развива од подгорски до горски појас, и на алкална и на кисела подлога. Плодните тела се појавуваат од крајот на март до средината на април и ги има сè до почетокот на мај. Растат поединечно ии во групи. Општоземено, се работи за вид што не е многу чест. Сепак, во одредени региони и во некои години е позастапен. Во западна и јужна Европа, вообичаено расте во четинарски шуми на средна до висока надморска височина, но постојат и ретки документирани наоди под бука.
Во С. Македонија видот е застапен во стари шуми од Pinus peuce, на надморска височина од 1.600 m, a исто така и во заедници на бор-кривул, на надморска височина од околу 1.900-2.000 m. Состоините од бор-кривул (Pinus mugo) се развиваат во подгорски или горски појас на планинскиот масив Јакупица. Оваа заедница претставува приоритетно живеалиште според Директивата за живеалишта на ЕУ, *4070: Џбунови со вегетација од Pinus mugo и Rhododendron hirsutum (Mugo-Rhododendretum hirsuti). Во обата случаи, видот е собран во април, на гнили пенушки од бор-кривул или на земја.