Образложение за процената
Perenniporia medulla-panis формира повеќегодишни, широко разлеани или ресупинантни плодни тела на дабови пенушки или паднати стебла. Поретко се јавува на други видови дрвја (бука, топола). Се смета за редок вид и неговата популација се намалува во многу европски земји како резултат на намалувањето на старите дабови шуми низ цела Европа.
Главните закани за овој вид се отстранувањето на мртвото дрво и оштетените дрвја и уништувањето на неговото живеалиште т.е. на старите, возрасни шуми. Сите познати наоѓалишта на габата се надвор од границите на заштитени подрачја. Оттука, видот е под силно антропогено влијание поради сечата на дабовите шуми. Пожарите за време на летниот период се друга значителна закана. Вкупниот број на документирани единки е приближно 10, но дабовите заедници се широко распространети во земјата, па затоа бројот на претпоставени примероци би бил околу 100.