НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Црвена змијоглавка

Echium russicum

English

Red thistle

Albanian

/

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Пловечка водена папрат, Пловечки папрат
Планинско барско ѕвонче – Следно >>
Неоценет Недоволно
податоци
Најмалку
засегнат
Близу
засегнат
Ранлив ЗАГРОЗЕН Критично
загрозен
Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Echium russicum

Опишан од

J.F.Gmel.

Синоним

Echium maculatum L.

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

CR – Критично загрозен, B1ac (i,ii)

Датум на процена

Ноември 2019

Проценувач

Костадиновски, М.

Прегледал

Charni, A.

Соработници

Матевски В.

Ќуштеревска, Р.

Цветкоска, Ц.

Составена од

Hofman, M.P.G.

Образложение за процената

Echium russicumе редок вид во Северна Македонија. Една локација каде е регистриран видот се наоѓа во близина на Гевгелија и е под закана заради градење патишта, пожари и газење. Втората локација е во близина на Прилеп (Козјак) и е зафатена од рударски активности. Третата локација е во Мариово и во моментот не е изложена на директни човечки активности. Идентификуваните закани предизвикуваат континуиран пад на површината на населеност со видот, квалитетот на живеалиштата и бројот на зрели единки.

Според процената на Црвената листа на ЕУ, овој вид е Најмалку засегнат (LC).

Популација

Моментален тренд на популацијата

Се намалува

Опис

Бројот на единки варира на различни локалитети (10-15 единки/100m2).

Живеалишта и екологија

Систем

 Копнен

Живеалишта и екологија

Echium russicum е двогодишно или повеќегодишно растение. Може да се најде на ридски пасишта, на карпи, меѓу грмушки, покрај патишта, во деградирани шуми, помеѓу 400 и 1200 m. Претпочита подлога од варовник, но исто така расте и на силикатна подлога.

Погодни живеалишта за ова растение се пасиштата (4.4 Grassland-Temperate), но може да се јави и во грмушки (3.4 Shrubland –Temperate) (маргинална појава).

Користење и трговија

Користење и трговија

Во традиционалната медицина Echium russicum се користи за лекување рани, остеомиелитис и хемороиди. Исто така, растението се користи како лек после змиски угриз, додека лисјата се користеле во гинекологија, особено по раѓањето (Batsatsashvili et all, 2016).

Нема податоци за собирање или тргување со растението за било какви намени во С. Македонија.

Закани

Закани

Живеалиштата на E. russicum се наоѓаат во појасот на ридски пасишта, каде најголема закана е конверзијата на земјиштето – главно рударството и појава на пожари, но до одреден степен и прекумерно пасење. Заканите од рударството се видливи особено на планината Козјак кај Прилеп, каде интензивната експлоатација на мермер претставува сериозна закана за фрагментација на популацијата во тоа подрачје. Сериозноста на заканата на Козјак е посочена во некои документи на Министерството за животна средина и просторно планирање – „Зајакнување на еколошката, институционалната и финансиската одржливост на националниот систем на заштитени подрачја на Македонија“ (2009), Национална стратегија за заштита на природата (2018) итн.

Поврзано со рударството, закана е и изградбата на патишта за таа цел на Козјак, како и на шумските патишта. На пример, популацијата во близина на С. Серменин е речиси целосно уништена заради пробиениот нов шумски пат.

Пожарите често се јавуваат на територијата на Северна Македонија, особено на појасот на ридските пасишта каде расте овој вид.

Денес, прекумерното пасење не е сериозна закана. Напротив, би можело да се каже дека обновувањето на грмушестата вегетација е поголема закана. Сепак, економската стагнација на регионот може да го поттикне развојот на сточарството во блиска иднина, што може да стане закана.

Зачувување

Зачувување

Echium russicum е наведен во Анекс II (животински и растителни видови од интерес на заедницата чие зачувување бара определување на посебни подрачја за зачувување) од Директивата за живеалишта.

Статусот на IUCN Европската црвената листа на загрозени видови на овој вид е „најмалку засегнат“, а во Бугарската црвена листа е „ранлив“.

  1. E. russicum во С. Македонија е редок вид. Ниту една популација од овој вид не е вклучена во заштитено подрачје, но во иднина постои можност популациите од Мариово и/или од Гевгелија да бидат вклучени во Natura 2000 подрачјата. Планината Козјак (кај Прилеп) е предложена како заштитно подрачје (Национален просторен план).

Успехот на зачувувањето на овој вид во С. Македонија зависи пред сè од собирањето податоци за неговата биологија и реалната состојба на неговите популации. Покрај тоа, потребно е да се идентификуваат сите евентуални закани. Врз основа на тоа, ќе биде можно да се развие соодветен акциски план за зачувување. Важен дел од акцискиот план треба да биде мониторинг на трендовите на популациите и нивните живеалишта. Покрај тоа, потребно е да се земат предвид и идентификуваните евентуални закани и врз основа на сето тоа, да се преземат соодветни мерки за заштита и зачувување.

Библиографија

Библиографија

Matevski, V. 2010. Flora na Republika Makedonija. MANU. Skopje, 2(1): 1-190. .p 1-190.

Bornmüller, J. 1928. Beiträge zur Flora Mazedoniens III. .p 1-196.

Bornmüller. 1932. Bearbeitung der von H. Burgeff und Th. Herzog in den Kriegsjahren 1916/18 in Mazedonien gesammelten Pflanzen III. .p 337-362.

Herzog, Th. 1922. Botanische Studien eines Frontsoldaten in Macedonien . .p 8–23.

Matevski, V., Čarni, A., Ćušterevska, R., Kostadinovski, M., Mucina, L. 2015 Syntaxonomy of the rocky grasslands on carbonate bedrocks in the west and southwest of the Republic of Macedonia. .p 1197-1214.

Soška, Th. 1939. Beitrage zur Kenntnis der Schluchten floren von Südserbien, II . .p 35-58.

Batsatsashvili K, Mehdiyeva N, Fayvush G, Kikvidze Z, Khutsishvili M, Maisaia I, Zambrana NYP. 2016. Echium maculatum L. Boraginaceae. Springer International Publishing. .p 1-4.