Образложение за процената
Tricholoma apium кај нас е најден на еден локалитет, во борова шума на варовник. Бројот на утврдени единки е мал и изнесува педесетина примероци, но боровите шуми на варовник се пошироко распространети во земјата, па затоа очекуваниот број единки би бил најмалку десетпати повеќе. Веројатно треба да се вршат дополнителни истражувања во природни борови шуми. Од тие причини, се предлага во категоријата на ранливи видови. Наоѓалиштето во преспанскиот регион е туристички и рекреативен центар поради што видот е под силно антропогено влијание од страна на посетителите.
Видот е дел од националните црвени листи на повеќе европски земји, а е објавен и на Глобалната црвена листа на загрозени видови на IUCN како ‘ранлив’ (VU).