НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Блатна млечка

Lactarius omphaliformis

English

Alder milkcap

Albanian

/

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Врежов трат
Џиновска пуфка – Следно >>
Неоценет Недоволно
податоци
Најмалку
засегнат
Близу
засегнат
Ранлив ЗАГРОЗЕН Критично
загрозен
Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Lactarius omphaliformis

Опишан од

Romagn.

Синоним

/

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

EN – Загрозен, B1ab (iii,iv) + 2ab (iii,iv)

Датум на процена

Ноември 2020

Проценувач

Караделев, M.

Прегледал

Kost, G.

Соработници

Тофиловска, С.

Русевска, K.

Составена од

Miskovic, M.

Образложение за процената

Видот е познат од два локалитета кои се единствените локалитети со добро развиени заедници на евла на влажни живеалишта во земјата. Влажните шумски подрачја се едни од најранливите живеалишта и тие постепено исчезнуваат. Претпоставениот број на единки е околу 1.000. Двете локации се Емералд-подрачја, а Моноспитовското блато е заштитено подрачје според Просторниот план на РМ, но и покрај тоа, тие се под силен антропоген притисок од околното население. Оттука, видовите се загрозени од уништување и фрагментација на живеалиштата. Освен тоа, тие имаат многу мал обем на распространување (ЕОО) од 2,091 km2 како и површина на населеност (AOO) од 12 km2, што одговара со предложената IUCN категоризација.

Популација

Моментален тренд на популацијата

Се намалува

Опис

Во С. Македонија, големината на популацијата е незначителна. Бројот на единки во сите предвидени живеалишта се проценува на околу 1.000.

Живеалишта и екологија

Систем

Копнен (териколен).

Живеалишта и екологија

Lactarius omphaliformis е микоризен вид поврзан со евла во влажни шуми. Припаѓа кон групата на џуџести млечки, со мала шапка и прилично тенка дршка. Заедниците со евла се многу ретки во земјава. Во Директивата за живеалишта на ЕУ (Анекс I): 91E0* се препорачува алувијалните шуми со Alnus glutinosa и Fraxinus excelsior да имаат висок приоритет за заштита.

Користење и трговија

Користење и трговија

Видот не е од интерес за користење и трговија.

Закани

Закани

Lactarius omphaliformis е вид што се поврзува со евла и расте на едни од најранливите живеалишта во земјата, живеалишта што исчезнуваат – влажните шумски подрачја. Ваквиот тип живеалишта се едни од најзагрозените копнени живеалишта поради измените во хидролошкиот систем и површинските води, поради интензивното земјоделие и загадувањето на почвата (еутрофикацијата), природната сукцесија, како и ерозијата и начинот на управување со шумите. Оттука, видот е загрозен од уништување и деградација на неговото живеалиште. И покрај тоа што Моноспитовското блато е под заштита уште од 1986 година, неговата површина постојано се намалува, а во последно време се интензивира неговата узурпација и деградација.

Зачувување

Зачувување

Видот може да се заштити преку зачувување на неговото живеалиште и спречување фрагментација на локалитетите каде е утврдено неговото присуство, како и на потенцијалните наоѓалишта. Ова вклучува, на пример, спречување интензивирање на земјоделските активности во соседните подрачја, контролирање на практиките што доведуваат до еутрофикација итн. Се препорачува назначување клучни локалитети за заштита.

Библиографија

Библиографија

Karadelev, M. & K. Rusevska. (2013). Contribution to Macedonian red list of fungi. Proceedings of the 4th Congress of Ecologists of Macedonia with International Participation, Ohrid, 12-15 October 2012, Macedonian Ecological Society. pp. 68-73.

 

Karadelev, M. & Rusevska, K. (2016). Distribution Maps of Critical Endangered Species from Macedonian Red List of Fungi. Hyla Vol. 2016., No.1, pp. 14- 18.

 

Karadelev, M., Rusevska, К. & L. Taukcieva. (2008). Diversity and ecology of fungi in Monospitovo Marsh, Republic of Macedonia. Biol. Macedonica, 61:15-28.