Живеалишта и екологија
Battarrea phalloides е сапротрофна габа што се развива на следниве живеалишта:
1) Во добро-развиена и стара шума од дива фоја на островот Голем Град, каде овие дрвја ја формираат заедницата Prunowebbii-Juniperetum excelsae. На ова наоѓалиште, габата се развива на песоклива почва со висока концентрација на гуано од корморани, чија колонија го населува островот и се гнезди таму. Ваквите единствени услови се чини дека се поволни за растење на видот.
2) На почва во насади од чепреси на два локалитета во регионот на Скопје. Исто така, видот е познат и од две други дабови заедници, каде е сега исчезнат.
На сите локалитети, со исклучок на р. Радика, овој вид е најден во близина на чемпреси или дива фоја, што веројатно укажува на поврзаноста на овој вид со наведените дрвенести видови (лушпести листови), што е увидено и во недамнешниот труд од Ferretti et al. (2020), кои укажуваат и на тоа дека овој вид дели исто живеалиште со Myriostoma coliforme. Според тоа, овој може да се очекува и на други локалитети со дива фоја, како што е дабово-фоината заедница во близина на мариовското иселено село Гуќаково, потоа во фоината заедница во околината на с. Чалакли, како и на локалитетите каде се среќава дупчестата ѕвездичка, како на пример по течението на р. Пчиња.