НАЦИОНАЛНА ЦРВЕНА ЛИСТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Барска Ангелика

Angelica palustris

English

Marsh Angelica

Albanian

/

Назад кон преглед на видови
<< Претходно – Српска Рамонда
Полегната (ползечка) линдернија – Следно >>
Неоценет Недоволно
податоци
Најмалку
засегнат
Близу
засегнат
Ранлив Загрозен КРИТИЧНО ЗАГРОЗЕН Истребен во природата Истребен
NE DD LC NT VU EN CR EW EX
Таксономија
Податоци за процената
Популација
Живеалишта и екологија
Закани
Користење и трговија
Зачувување
Библиографија

Таксономија

Научно име

Angelica palustris

Опишан од

Hoffm.

Синоним

/

Податоци за процената

Критериуми и категории на Црвената листа на IUCN

CR – Критично загрозен, B1ab(i,ii,iii)+2ab(i,ii,iii)

Датум на процена

Ноември 2019

Проценувач

Матевски, В.

Прегледал

Charni, A.

Соработници

Цветковска, Ц.

Костадиновски, М.

Ќуштеревска, Р.

Составена од

Hofman, M.P.G.

Образложение за процената

Единствената популација на овој вид во земјата се јавува на едно подрачје, а површината на населеност (AOO) и обемот на распространување (EOO) е многу мал. Изградбата на инфраструктурата (ресторан, мост што ги поврзува островот и копното, патеките и сл.) се закани за намалување на подрачјето и квалитетот на живеалиштата. Постојат само 170 зрели единки, но нема доволно податоци од минатото, за да се процени постојаното намалување на популацијата.

Според процената на Црвената листа на IUCN, овој вид спаѓа во категоријата Недоволно податоци (DD).

Популација

Моментален тренд на популацијата

Се намалува

Опис

Во Северна Македонија, големината на популацијата е многу мала. За време на теренското истражување, утврдени се прецизни податоци за статусот на големината на популацијата на овој вид на одредено место. Бројот на единките во популацијата е 170, на површина од 5.000 m2.

Живеалишта и екологија

Систем

Копнен

Живеалишта и екологија

Преферира да расте на различни почви, глинести и песокливи почви и може да толерира сончева или полутемна/засенчена позиција.

На единствениот познат локалитет во Северна Македонија, се развива на засенчени места, веднаш до изворите на реката Црн Дрим, под крошните на евлата (Alnus glutinosa). Местата каде се развива овој вид се во директен контакт со хортикултурните површини кои постојано се  одржуваат со косење (лични податоци В. Матевски).

Користење и трговија

Користење и трговија

Фамилијата Apiaceae, во кое спаѓа и родот Angelica, е една од растителните фамилии со висок процент на лековити растенија. Некои видови од родот Angelica се познати како лековити растенија, но користењето на видот Angelica palustris за медицински цели не е позната. Но, неговата ограничена дистрибуција на територијата на Северна Македонија и оскудноста на популациите придонесуваат и да нема посебен интерес од тој аспект.

Закани

Закани

Angelica palustris е растителен вид со широка дистрибуција, но неговите популации се многу фрагментирани и изолирани. Поради ова, видот е под закана. Популациите на видот се генерално мали и е во опаѓање, главно заради загуба на живеалиштата и се забележува значително намалување на биолошката виталност.
Во Северна Македонија, Angelica palustris расте во подрачја на интензивни туристички активности особено во летниот и есенскиот период од годината, во месноста Свети Наум. Со шетањето низ уредените површини каде расте овој вид, дел од популацијата е изложена на газење. Изградбата на инфраструктурата (ресторан, мост што ги поврзува островот и копното, патеките и сл.) се закани за опстанокот на овој вид во локалитетот.

Зачувување

Зачувување

Локацијата каде се развива овој вид се наоѓа во границите на НП Галичица и во крајбрежната линија на Охридското Езеро, што е дел од листата на УНЕСКО како природно наследство.

Видот треба да има посебен статус на заштита, со оглед на тоа што овој локалитет е туристички центар со голема посетеност особено во лето и есен, кога растението има оптимален вегетативен и репродуктивен период на развој. Треба да се земе предвид во просторните планови на НП Галичица.

Заради статусот на зачувување ширум Европа, ова растение е вклучено во Бернската конвенција и последователно наведено во Анекс II од ЕУ Директивата за живеалишта.

 

 

Библиографија

Библиографија

Tutin, T.G., Heywood, V.H., Burges, N.A., Moore, D.M., Valentine, D.H., Walters, S.M. and Webb, D.A. 1968. Rosaceae to Umbelliferae, Flora Europaea. Cambridge University Press. Cambridge. .p 469.

Micevski, K. and Matevski, V. 2005. Flora na Republika Makedonija. .p 1433-1715.